Ова е многу впечатлива приказна на која вреди често да се потсетуваме…rnrn
rnrnЕднаш еден духовен учител ги прашал своите ученици: „Зошто луѓето викаат кога се лути?“rnУчениците кратко размислувале и одговориле: „Затоа што го губиме трпението, затоа викаме.“rn„Но, зошто да викаме ако личноста е покрај нас?“ – прашал учителот. „Зар не е можно да се зборува тивко и полека?“rnУчениците дале уште некој одговор, но ниеден не го задоволил учителот.rnrnПотоа објаснил:rnrn„Кога две личности се караат и лутат, нивните срца силно се оддалечуваат. Затоа мораат да викаат за нивниот крик да може да ја премости оддалеченоста и да можат да се чујат. Што се полути, толку погласно мораат да викаат, бидејќи оддалеченоста меѓу нив е сè поголема.“rnrnПотоа прашал:rnrn„Што се случува кога две личности ќе се заљубат? Не викаат еден на друг, туку зборуваат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу близу. Оддалеченоста помеѓу нив е многу мала.rnrnА што се случува кога ќе се заљубат уште повеќе? Тогаш не зборуваат. Само шепотат и уште повеќе се зближуваат со својата љубов. Конечно, не треба веќе ни да шепотат. Само се гледаат и тоа е сè. Такви се две личности кои се сакаат.“rnrnПотоа рекол:rnrn„Кога се карате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат, бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што веќе никогаш нема да можете да го најдете патот назад.“
Зошто луѓето викаат кога се лути?
