КАФЕ ПАУЗА

Златни совети од Кристијан Лубутан: Тој ви ги открива врвните модни правила кои секоја жена треба да ги знае

Модниот гуру Кристијан Лубутан, кој поседува богато искуство во модната индустрија, тврди дека секоја жена може да биде заводничка доколку почитува неколку правила.rnrnzlatni-soveti-od-kristijan-lubutan-toj-vi-gi-otkriva-vrvnite-modni-pravila-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrnrnКралот на штиклите вели дека за стил достоен за секоја дама, таа треба да се придружува до овие четири правила.rn

Правило бр. 1: Облечете се на начинот на кој што сакате да се движите.

rnКристијан Лубутан вели дека иако жената носи фустан, штиклите се оние кои ја носат. Па според ова, внимателно бирајте ја гардеробата и чевлите во зависниот од тоа што сакате да постигнете, и како да се движите.rn

Правило бр. 2: Облекувајте се во склад со своето расположение

rnАко не сакате да носите штикли, тогаш немојте! Според зборовите на славниот креатор, поентата е во тоа да го носите она во кое најмногу се чувствувате секси и комфорно. Ако, кога носите штикли се чувствувате непријатно, тогаш немојте да ги носите. Можете да бидете исто толку секси и во рамни чизми.rn

Правило бр. 3: Носете го она што најмногу ви одговара

rnДоколку гардеробата одлично стои на некој модел или пак на куклата во излогот, тоа не значи дека и на вас ќе изгледа совршено. Носете го само она што вам најмногу ви прилега.rn

Правило бр. 4: Ако вашиот партнер забележи што сте облекле, тогаш изборот е вистински!

rnКристијан Лубутан истакнува дека за него најголем комплимент е кога некои жени ќе му кажат дека откако ги носат неговите креации, нивните партнери конечно забележуваат што тие облекуваат.