КАФЕ ПАУЗА

Зошто луѓето родени во октомври живеат подолго?

Зошто луѓето родени во октомври живеат подолго?

Октомври ни ги пожолти улиците и дворовите, принудувајќи нѐ да се облечеме потопло и да започнеме да се подготвуваме за студените денови. За бебињата кои се родени и ќе се родат во текот на овој месец, октомври може да значи и долговечност – барем тоа го покажуваат резултатите на едно истражување.rnrnЗошто луѓето родени во октомври живеат подолго?rnrnНаучници од Универзитетот во Чикаго ги споредиле податоците за луѓе родени помеѓу 1880 и 1895 година кои живееле 100 години или повеќе со податоците на нивните браќа и сестри или партнери. Истражувањето открило дека луѓето родени во октомври најчесто доживувале да го прослават 100-от роденден. Луѓето родени во септември или ноември, исто така, имале повисоки шанси за подолг живот. Од друга страна пак, имало 40% помалку стогодишници кои биле родени во март, мај или јули во споредба со останатите месеци.rnrnОваа теорија е потврдена и од друго истражување спроведено на луѓе родени на северната хемисфера од Земјата кое вели дека бебињата родени наесен живеат подолго од пролетните бебиња.rn

Зошто бебињата родени во октомври живеат подолго?

rnСпоред една теорија, овие бебиња се поотпорни на сезонски болести бидејќи не биле родени на екстремно високи, ниту екстремно ниски температури. Оваа отпорност може да влијае на здравјето, а со тоа и на долговечноста на личноста.rn

Што влијае на долговечноста?

rnПостојат многу фактори кои може да влијаат на должината на животот. Навиките во исхраната, нивото на физичката активност и одбегнувањето штетни навики, како пушењето, се само некои работи кои придонесуваат за долговечноста. Па, доколку не сте родени во октомври, можеби е време да започнете да живеете поздраво.rnrnПрочитајте уште 10 занимливости за личностите родени во октомври.