КАФЕ ПАУЗА

Зошто копчињата на машките и женските кошули се на спротивни страни?

Зошто копчињата на машките и женските кошули се на спротивини страни?

Секој што некогаш облекол кошула забележал дека копчињата се на различна страна во зависност од тоа дали се работи за машка или женска кошула. Веројатно не сте размислувале многу за ова, но постои навистина интересна приказна која објаснува зошто е тоа така.rnrnЗошто копчињата на машките и женските кошули се на спротивини страни?rnrnОткриено е дека овој моден тренд потекнува уште од периодот кога копчињата биле измислени, односно околу 13-тиот век. Имено, само богатите жени можеле да си дозволат копчиња на нивните кошули. А во тој период сите богати дами, имале и слугинки. Па така, има смисла копчињата да се на другата страна, бидејќи некој друг им ја закопчувал облеката.rnrnСо оглед на тоа што денес речиси сите се облекуваме сами, можеби е време да се промени овој тренд. Во секој случај, станува збор за интересен историски податок кој зборува за начинот на живот и секојдневните навики на луѓето од минатото.