Зошто емоционално повредените мажи љубат поинаку?

Сподели

Сигурно немате видено многу повредени мажи, но дали знаете која е причината за тоа? Самото општество. Општеството им создава притисок на мажите да се однесуваат како „мажи“, па тие речиси и да не можат да ги искажат своите емоции. Тие стануваат толку мажествени што емоциите повеќе не се дел од нивниот живот. Мажите кои биле емоционално повредени љубат на поинаков начин, а еве и зошто е тоа така.

Реклама

rn

1. Проблем, што е тоа?

rnОвие мажи виделе сè. Тие знаат како е да се биде „скршен“ и да го живеат животот како ништо да не се случило. За нив проблемите се секојдневен феномен. Тие веќе се помириле со нив, па нивната реакција на проблемите е различна. Ако ги прашате што е проблемот, тие нема да почнат да ви раскажуваат. Ќе најдат начин да го избегнат прашањето и ќе ве прашаат за вашите проблеми. Ним им е тешко да преболат, бидејќи не сакаат да се соочат со реалноста.rn

Реклама

2. Изгледаат како да знаат што сакаат

rnОвие мажи секогаш изгледаат како да знаат што сакаат, но дали навистина е така? Најчесто одговорот е не. Тие секогаш се однесуваат како да имаат решение за сè, но тајно чувствуваат дека не се исполнети, а никогаш нема да го признаат тоа. Општеството ги натерало да глумат дека се полни со самодоверба иако воопшто не знаат што треба да прават и што навистина сакаат.rn

3. Понекогаш се студени

rnДури и најсилните луѓе имаат своја граница. Иако овие мажи одлично ги сокриваат своите емоции, понекогаш се обидуваат да ги покажат. Но, начинот на кој го прават ова е многу различен. Ова значи дека наместо плачење или разговарање за чувствата, тие стануваат отсутни, тивки и студени. Ова покажува дека понекогаш стануваат имуни на работите кои се случуваат околу нив и дека веќе се помириле со ситуацијата.rn

4. Не ги покажуваат емоциите

rnДури и ако се навистина тажни и повредени, вие нема да го забележите тоа. Одлуката да останат тивки е многу посилна од потребата да се искажат. Општеството е виновно за ова. И мажите треба да се во можност да плачат кога им е тешко. Нив им е доделена улогата на столб во семејството, па сметаат дека секогаш треба да бидат силни.

Реклама

Секој маж има чувства и минува низ овие фази. Но, поради сликата која ни ја создало општеството за нив, тие се принудени да страдаат во тишина.

Најново

Може ќе ве интересира