Во 1908-ма година Луис Хајн станал фотограф за Националниот комитет за детски труд. Тоа бил почетокот на долга деценија, а Луис патувал низ државата, го документирал детскиот труд и добивал постојани закани од сопствениците на фабриките. Но, Луис глумел многу улоги (како на пример, инспектор) со цел да им се доближи на децата и да ги фотографира додека работат во фабриките и на улиците. Погледнете некои од неговите највознемирувачки фотографии.rn
1. Додека работел во мелницата, врз ногата на младиот Гилс Едмунд паднало делче од машината и му го скршило прстот. Поради ова паднал во ротирачка машина и изгубил два прста од раката
rnЛокација: Бесемер Сити, Северна Каролинаrn
2. 7-годишната Рози, кога била направена оваа фотографија, веќе две години работела со школки. Таа била неписмена и работела по цел ден
rnЛокација: Блафтон, Јужна Каролинаrn
3. Момче што разнесува весници заспано на скалите
rnЛокација: Џерси Сити, Њу Џерсиrn
4. 11-годишната Кели Кампбел берела и до 60 килограми памук дневно
rnЛокација: Оклахомаrn
5. 7-годишниот Ферис разнесувал весници
rnЛокација: Мобајл, Аризонаrn
6. 4-годишната Мери кршела и по 2 кошници школки на ден. Се грижела за бебе кога не работела
rnЛокација: Данбар, Луизијана
Продолжува на следната страница…

