КАФЕ ПАУЗА

Тоа што прво ќе го здогледате на оваа слика открива многу за вашата душа!

Се вели дека на оваа фотографија само 7% од луѓето може да забележат повеќе од 10 животни. Сепак, поголемиот дел од нив прво воочиле само една работа, додека помал број луѓе се „фатиле“ за други детали… Токму тоа говори во која група спаѓате. Епа ајде да почнеме… Што прво здогледавте на овој цртеж?rnrn1-ovaa-fotografija-otkriva-mnogu-za-vas-ona-shto-prvo-kje-go-zdogledate-na-fotografijata-otkriva-neshto-od-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_rn

Лице на жена

rnПоголемиот број од луѓето најпрво ќе го воочат лицето кое го формираат сите животни. Во прашање се луѓе кои стојат со двете нозе на земја, не се грижат премногу за деталите и ја гледаат пошироката слика. Спаѓате во група на просечни личности – целите во вашиот живот се реални и остварливи, задоволни сте кога имате доволно пари за да живеете добро. Не сте склони кон фантазирање и за жал, често се случува да немате храброст за некоја промена која добро би ви дошла…rn

Коњи

rnОд сите детали кои можеа да ви го привлечат вниманието, вас веднаш ве привлекоа коњите, кои стојат од страните и имаат улога на сенка на самата фотографија. Многу мал број луѓе најпрво ќе ги забележат овие животни, а во прашање се големи креативци, кои во потрага по инспирација, често забораваат на реалниот свет. Вие сте од оние личности на кои може да им се случи да ја одминат сопствената мајка на улицата, бидејќи гледале во небото и размислувале за сите тие прекрасни бои.rn

Црни птици

rnЛуѓето на кои прво нешто што им паднало во очи се птиците, спаѓаат во група луѓе кои се опседнати со детали. Многу веројатно веднаш сте започнале да размислувате како двете птици формираат очи, едната нос, друга игра улога на веѓи… И сè сте започнале да анализирате. Тоа е вашата улога во животот – анализирате сè што ќе ви падне под рака, па често ви зборуваат дека сте полудени по деталите и перфекцијата. Околу 15% најпрво ги забележуваат црните птици.rn

Црвена птица

rnПрво нешто што воочивте е црвената птица, а психолозите велат дека црвената боја асоцира на љубов и страст. Тоа е токму она што ви е најважно во животот, па подготвени сте поради љубовта да жртвувате скоро сè. Околу 12% од луѓето најпрво ќе ја забележат црвената птица, па можете да се пофалите дека сте прилично ретки.