КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Галавант (Galavant)

ТВ серија: Галавант (Galavant)
ТВ серија за принцот Галавант кој сака да му се одмазди на кралот кој ја украл неговата вистинска љубов

rnТВ серија: Галавант (Galavant)Главни улоги: Џошуа Сас, Тимоти Омундсон, Вини Џоунс, Мелори Јансен, Керен ДејвидrnrnЖанр: комедија, мјузиклrnrnКреатори: Ден ФоглманrnrnПремиера: 4 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 22 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте љубители на мјузикли и сакате да се навратите малку во времето на принцовите на бели коњи, дамите во опасност и злобните кралеви, тогаш оваа ТВ серија би била одличен начин за исполнување на вашето слободно време. Приказната е лесна и певлива, па токму тоа ќе го одмори вашиот мозок од секојдневните проблеми и целосно ќе ве опушти. Всушност, дури и да не сте големи љубители на мјузикли, урнебесната тематика и забавните песни кои веднаш се „заробуваат“ во вашите уши ќе направат инстантно да ги засакате главните ликови.rnrnТВ серија: Галавант (Galavant) ТВ серија: Галавант (Galavant)rnrnСтанува збор за принцот Галавант (Џошуа Сас), кој бил познат по своето херојство. Тој еден ден толку многу се заљубил, што едноставно не можел да си го замисли својот живот без прекрасната Маделејна (Мелори Јансен). Но, злобниот крал Ричард (Тимоти Омундсон) ја киднапирал девојката, ја заробил во својот замок и почнал да ја подготвува да биде негова жена, кралица. Бестрашниот Галавант ќе тргне во мисија да ја врати својата љубов, ќе ги надмине сите препреки, подготвен дури и да го изгуби својот живот за неа, но таа ќе го одбере кралот и животот во раскош, а со тоа и ќе му забоде нож во срцето на добриот принц.rnrnТВ серија: Галавант (Galavant) ТВ серија: Галавант (Galavant)rnrnТој нема да може да ја преболи одлуката на Маделејна, па токму затоа ќе се затвори во својот дом, каде што времето ќе го поминува пиејќи и спиејќи. Ова негово однесување ќе трае долго време и никој нема да може да влијае врз неговата депресија. Но, работите одеднаш ќе тргнат во спротивна насока, кога принцезата Изабела (Керен Дејвид) ќе ја побара неговата помош. На кратко, следува типична клише бајка, со многу хумор, музика и забава која нема да ве остави рамнодушни.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.