Не се сите инсекти на оваа листа бубачки. Бубачките, од научна гледна точка, се мали инсекти со мали усни кои наликуваат на клун, како што сте болвите. Пајаците, полжавите и осите на некој начин не се бубачки. Но да не должиме со дефиниции… Погледнете ги следниве факти за бубачките што ќе ги потврдат вашите причини за страв од нив!
rn
1. Постои вид оси кои можат да ги контролираат мозоците на лебарките
rnОвие оси ги боцкаат лебарките на одредено место на мозокот и потоа ги контролираат нивните рефлекси за бегање. Тие ја водат лебарката до своето осило користејќи ја нејзината антена како водич, а потоа ги положуваат своите јајца во нејзиниот абдомен. Без функционални рефлекси за бегање, лебарката останува во осилото додека не се изведат јајцата, а потоа ларвите се хранат од нејзините органи.rn
2. Некои видови лебарки живеат и по неколку месеци без глава
rnЗа разлика од луѓето, лебарките имаат отворен циркуларен систем со мал притисок, па отстранувањето на главата нема да резултира со смрт. Многу од функциите на лебарките не се централни, па тие можат да дишат и без глава, како и да ги задржат потребните рефлекси за движење.
rn
3. Понекогаш бубамарите се канибали
rnЛарвите на бубамарите имаат поголеми шанси за преживување и развивање ако ги изедат нивните „неродени“ роднини.rn
4. Пчелите имаат два стомаци
rnЕдниот е за храна, а другиот служи за нектар.rn
5. Пајаците имаат 8 нозе…
rnИ кога се движат, 4 од нив се секогаш допрени на земјата, додека останатите 4 се во воздух.
rn
6. Тарантулата ги раствора своите жртви со отров
rnТарантулите им инјектираат отров на своите жртви што ги парализа. Потоа ензимите во отровот го распаѓаат телото и го претвораат во течност.rn
7. Но, отровот на тарантулата не е опасен за луѓето
rnОтровот на овие пајаци не е поопасен за луѓето од оној на пчела или оса, освен ако не сте алергични. Ако чувате тарантула како милениче, постои поголем ризик да ви се направи осип од влакната на нејзиниот стомак.rn
8. Мрежата на пајаците е наелектризирана
rnПајаковата мрежа се „движи“ кон жртвата бидејќи пајакот ја покрива со електростатичен лепак кој се движи кон сите наелектризирани честички.rn
9. Полжавите може да се издолжат 20 пати од нивната должина
rnТокму оваа особина им овозможува да поминуваат и низ најмалите отвори.rn
10. Гасениците имаат само 6 нозе
rnГасениците многу често имаат и мали лажни нозе кои се многу кратки. Тие им помагаат да ги поткреваат своите тела, но не ги користат за одење.
rn
11. Молците немаат уста и дигестивен систем
rnМолците имаат животен век од само 7 до 10 денови. Нивната единствена цел во животот е да се размножат.rn
12. Еден вид молци имаат мртовечки череп на абдоменот
rnПокрај овој морничав украс, овие молци испуштаат многу висок звук кога се иритирани.rn
13. Црвите немаат очи, уши и бели дробови
rnНо, тие имаат 5 срца и 1 црево. Со други зборови, тие се мускулесто црево што пулсира.
rn
14. Полжавите се гастроподи
rnОва име буквално значи „стомак стапало“. Значи тие се едно многу лигаво стапало.rn
15. Скорпиите имаат многу бавен метаболизам
rnНекои видови скорпии не јадат по цела година. Нивниот лов најчесто се состои од чекање, па трошат многу малку хранливи материи.
Кога сме веќе кај инсекти, погледнете и како да ги препознаете најчестите убоди од нив.

