Ова е листа на извонредни фотографии од животни, сите сликани во текот на изминатава година. Некои од нив се тажни, други необични, трети радосни… Но, погледнете ги, сите се интересни :)rnrnМајмун во Индонезија кој му ја украл камерата на фотографот и направил автопортрет. Овој тип мајмун е загрозен вид со што ја прави оваа фотографија драгоцена. (кликнете за целосната приказна)rnrnМомче си игра со маче додека татко му гради засолниште во Лас Мајас, Каракас, Венецуела, 31 мајrnrnИстражувачи облечени во панда-костими како дел од програмата за повторно запознавање на животните со средината. Ова мало мече се пренесува во Центарот за заштита Хетаопинг, 20 февруари.rnrnКуче по име Леaо седи покрај гробот на својата сопственичка која починала при лизгање на земјиштето во Бразил.rnrnТранспорт на црн носорог во Јужна Африка. Ова е дел од програмата за релоцирање на црните носорози во средини што се помалку населени за да имаат поголеми шанси за опстанок.rnrnСпасување на овца на фарма во Вермонт по пустошот и поплавите на ураганот АјринrnrnАфриканска желка во Словачката зоолошка градина со 2 глави и 5 екстремитетиrnrnИрис си го лиже своето 7-неделно малечко во сибирската зоолошката градина во градот КраснојарскrnrnДевојка со своето куче, стои покрај својата поплавена куќа во ТајландrnrnПожарникар од Мисула, Монатана му дава кислород на маче по спасување од пожарrnrn12 малечки панди лежат во креветче во Истражувачкиот Центар Ченгду во Кинаrnrn4-месечно повредено куче брка мачка во дворот на засолништето на малтретирани животни во Полска. Чиучија била тепана од сопствениците и оставена на железничка пруга. Иако била прегазена неколку пати од воз, сепак за чудо успеала да преживее.rnrn„Френк и Луи“ се најстарите нераздвоени мачки во светот кои се преживеани. Имаат 12 години и поседуваат 2 усти и 2 носа, но 1 мозок.rnrnЛавот Тајсон за време на стоматолошки зафат во ветеринарна клиника во Меделин, Колумбијаrnrn2-годишниот шимпанзо Дуду го храни малото тигарче Аорн кое е старо 60 дена. (кликнете за целосната приказна)rnrnЧувар во зоолошка градина држи во рака 9 месечно сираче орангутан кое си игра со кукла.rnrnГорилата Урузи од Берлинската зоолошка градина јаде зелена салата.rnrnМало девојче спасува јагне на фарма во Исланд каде по ерупцијата на вулканот Гримсворт, целиот регион бил во пепел и прашина.rnrnМечето Медо си игра со кученце во селото Подврх во централна Словенија.rnrnБебе делфинче со сè уште приврзана папочна врвца било најдено во близина на градот Монтевидео во Уругвај. За среќа спасувачките организации успеале да го спасат.rnrnКуче ѕирка низ прозор како што жената се приближува кон вратата во древниот град Бахтапур во близина на главниот град на Непал.rnrnЛавицата Ариел со нејзината негувателка во животинско засолниште во Сао Паоло, Бразил. Ариел има болест од која веќе во последната година не може да ги употребува нозете.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.