Како што можете да видите од оваа слика, не станува збор за комплицирана загатка и постојат големи шанси дека ќе го погодите точниот одговор, дури и на среќа. Но, сепак поголемиот дел од луѓето ја избираат погрешната гумена бонбона. Прочитајте ја загатката во продолжение и откријте дали вие ќе бидете дел од малцинството што успеале да ја избегнат стапицата. Со среќа!rnrnЗамислете дека сте заробени во шума и дека единствениот начин да излезете е доколку ја изедете „безбедната“ гумена бонбона од трите понудени пред вас. Едната од нив го носи излезот од шумата, а другите две се отровни. Изгледа доста едноставно, зар не?rnrn
rnrnЛичноста што ви ги поставила овие гумени бонбони пред вас ви вели да изберете една од нив. Да замислиме дека сте ја одбрале зелената.rnrn
rnrnТаа потоа ви вели дека ќе тргне една од останатите две за која гарантира дека е отровна и ја поместува сината гумена бонбона!rnrn
rnrnТоа е целата помош што ќе ја добиете. Дали ќе ја изедете зелената гумена бонбона или пак, ќе ја одберете црвената? Кој е вашиот избор? Имате само 10 секунди!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ја одбирам зелената гумена бонбона.” active=”false”]Погрешен избор! Поголемиот дел од луѓето веруваат дека имаат 50/50 шанса за успех бидејќи знаат дека едната гумена бонбона е отровна, а другата не, но задачата е малку покомплицирана одошто мислите. Всушност црвената има половина помалку шанси да биде отровна од зелената. Зошто? Кога ја одбравте зелената, имавте 1 од 3 шанси да е безбедна, а 2 од 3 шанси да е отровна. Но, кога сината се тргна од равенката, зелената остана со истите 1 од 3 шанси да биде безбедна, но научивме многу повеќе за црвената. Бидејќи сината гумена бонбона беше тргната, сега постојат 2 од 3 шанси дека црвената е безбедна. Тоа се два пати подобри шанси од зелената и логичниот избор![/toggle_item]rn[/toggle_box]rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ја одбирам црвената гумена бонбона.” active=”false”]Ви честитаме, успеавте да ја преживеете оваа загатка![/toggle_item]rn[/toggle_box]
Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?
