КАФЕ ПАУЗА

Забавно и едноставно: Исплетете бескраен шал, ќебе или ѓердан користејќи ги само вашите раце

Забавно и едноставно: Исплетете бескраен шал, ќебе или ѓердан користејќи ги само вашите раце

Новиот популарен тренд на плетење трае веќе неколку години, но доколку сè уште го немате пробано тогаш можеби конечно дојде време. Плетењето со раце ги преплави светските блогови и Јутјуб и кога ќе откриете колку е лесно, веднаш ќе сфатите зошто е толку популарно.rnrnЗабавно и едноставно: Исплетете бескраен шал, ќебе или ѓердан користејќи ги само вашите рацеrnrnДури и доколку никогаш порано не сте плетеле, за овој метод не ви се потребни предзнаења и техники. Кога станува збор за шал, сè што ви е потребно е дебела волница, вашите две раце и половина час слободно време. За ќебето ќе ви бидат потребни плус 15-тина минути, а ѓерданот можете да го направите за само неколку минути.rn

Бескраен шал

rnОвој шал е направен од еден дел, кој е споен на краевите. За да го изработите потребни ќе ви бидат 4 клопчиња дебела волница (секое клопче би требало да има 40 метри должина и да тежи околу 100 грама) и 30 минути слободно време.rnrnrnrnМожете да го изработите шалот и на следниов начин:rnrnrn

Ќебе

rnПлетењето со раце не е ограничено само на шалови, вие можете да си исплетете и ваше меко ќебенце. За него ќе ви биде потребно малку повеќе материјал (12 клопчиња волница, секое од нив треба да биде по 15 метри долго и да тежи 100 грама) и малку повеќе време. Волницата треба да биде многу дебела со цел да добиете помеко и потопло ќебе откако ќе завршите.rnrnrn

Ѓердан

rnКога станува збор за плетење само со раце, имате бескрајни можности. Една од овие можности е и овој интересен ѓердан со кој ќе се издвоите од останатите. За него ќе ви бидат потребни малку повеќе додатоци (покрај волницата, потребни ви се и големи бисери, копчиња, 2 прстена за накит, жици, клешти и по ваш избор боја во спреј).rnrnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.