Денес Кафе пауза ја дувна првата свеќичка на тортата. За сево ова време излегоа вкупно 1.535 постови, но некои од нив изгледа како никогаш да не стануваат стари и здодевни. Ги издвоивме 10-те постови кои најмногу ги читавте во текот на целата година.
rn
1. 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн
rnАлберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.
rn
2. 35 нешта од кои вреди да се откажете во животот
rnКога човекот престанува да трага по погрешните работи во животот, им дава шанса на добрите да се појават. Запомнете, грешките нè прават луѓе, неуспесите ни помагаат да созрееме, надежта ни дава кураж да продолжиме, а љубовта причина да живееме. Продолжете да учите, љубите и да уживате живеејќи. Никогаш не откажувајте се од себеси, но затоа…
rn
3. Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак
rnНели би било одлично доколку секој од нас би знаел што точно го возбудува оној во кого сме лудо заљубени? На тој начин, голем број недоразбирања и фрустрации би се замениле со совршена комуникација, прекрасно љубовно искуство и одличен секс. Сè што треба да знаете за да бидете среќни во љубовната врска, е што на вашиот партнер му се допаѓа, а што не. Следува кратка анализа на хороскопските знаци, класифицирани во четирите астролошки елементи: оган, земја, воздух, вода.
rn
4. Кој не би сакал да учи во вакво училиште?
rnДржавното средно училиште Фитзрој во Мелбурн, Австралија има долга историја. Тоа било затворено во 1992-ра, но било повторно отворено и комплетно реконструирано во 2004-та година, после 11-годишна борба од страна на родителите и жителите. Честа да бидат првите ученици кои ќе завршат во оваа фасцинантна градба, ја имале матурантите во 2009-та година.
rn
5. Додека бебето спие…
rnМајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.
rn
6. Секоја жена мечтае за…
rnСекое мало девојче фантазира за својата иднина. Каква жена ќе биде кога ќе порасне? Што би ја направило среќна? Ви откриваме неколку „скромни“ фантазии на девојките за кои тие размислуваат уште додека се деца.
rn
7. Татко кој прави креативни фотографии од своите деца
rnЏејсон Ли (Jason Lee) е фотограф кој вообичаено ги фаќа најромантичните и најсреќните моменти од животите на луѓето – тој фотографира на свадби. Меѓутоа, посебна инспирација за неговата фотографија се неговите две ќерки од кои има направено неверојатно интересни и креативни уметнички дела.
rn
8. Астрологијата и првиот коментар после секс
rnНекои го сфаќаат сексот како нешто свето и возвишено, други на него гледаат како на добар метод за ослободување од стресот, додека трети чекаат да влезат во брак за да го искусат. Еве каков коментар може да очекувате од луѓето со различен хороскопски знак по сексуалниот чин.
rn
9. Машко-женски хороскоп
rn
Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги? Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот, додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.
rnrn
10. Животни цитати кои ќе ве замислат
rnЧестопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
