Емотивни сте и сè што ви се случува во вашиот живот го доживувате многу длабоко? Прочитајте го следниов текст кој е наменет за вас и бидете горди поради тоа што сте какви што сте.rnrn
rnrn
Делот од вас што лежи во вашето срце и ве прави чувствителни не е проклетство туку благослов
rnЛуѓето како вас му овозможуваат на светот да пулсира. И како вие да ги чувате сите души. Кога мислите дека не можете повеќе, вие продолжувате да го правите тоа. И тоа е делот од вас кој никој не би требало да го смета за негативен, особено не вие самите.rn
Вие сте реткост што ѝ е потребна на светот
rnМожеби нема многу луѓе како вас, па треба да сте горди што спаѓате во ретката популација.rnrnБродот што ве придвижува е само патека која води до мирот што може да се насели во одредени души кои само вие можете да ги смирите.rn
Без вас, сочувството немаше да го имаат оние на кои им е потребно
rnЛуѓето како вас испраќаат енергија која смирува океани, стопира цунами или бранови, односно спречуваат да им биде скршено срцето на оние кои не смеат да бидат дополнително повредени.rn
Верувајте ѝ на вашата уникатна светлост
rnКога ќе почнете да се чувствувате совладани од темнината која шета низ Земјата потсетете се дека вашата светлина е посилна. Вашата светлина може да биде единствената причина поради која одредени стапала никогаш не стапнале во темнина. И не се плашете од блесокот со кој зрачите. Некому му го греете денот и му ги осветлувате ноќите.rn
Не се поврзувајте премногу силно за длабоките емоции што ги чувствувате
rnНе смеете да се чувствувате одговорни за носењето мир или поправањето на светот. Можеби тоа ви доаѓа од автентично и природно место, но не можете да ја носите целата одговорност на вашите плеќи. Никогаш не се прашувајте зошто сте овде. Вие сте тука во вистинското време и поради вистинските причини.rn
Не мислете дека на другите им треба вашата помош постојано
rnЗатоа што тоа ќе ги стави на место каде што ќе се чувствуваат нецелосно. Сите ние сме целосни и излечени. Илузија која се создала во човештвото уште од првиот ден е дека сме уништени. Човечкиот мозок секогаш се одвојувал од совршенството.rn
Со помош на љубовта која е поголема од сè, вие сте сè
rnВие сте излекувани. Вие сте прифатени какви што сте. Вие сте целосни.rnrnТреба да бидете сигурни дека во вашето срце сите се целосни и од вас им треба само вашата љубов. На некои души им треба вашата љубов преку мисли и молитва. Други сакаат да ја држат вашата рака силно и да бидете покрај нив. Бидете комплетно присутни во сегашниот миг и ќе знаете што да им кажете на оние кои сакаат да ве слушнат.rn
Вашите зборови се како мелем на рана – верувајте ѝ на вашата светлост
rnНикогаш немојте да го изгаснете светлото кое блеска од вас. Вашите емоции кои ги доживувате длабоко искористете ги на позитивен начин, нека не ве измачуваат. Пробајте да ги разберете сопствените чувства за да можете подобро да ги поднесувате другите емоции кои вибрираат од другите луѓе, а вие толку силно ги чувствувате. Бидете си сопствена светлина која ќе ви го прави патот посветол на тој начин и ќе им го осветлувате патот и на другите околу вас.rnrnДознајте и како да ја пронајдете светлината во вас и кога е најтемно.