КАФЕ ПАУЗА

За најмалите: Со помош на овој едноставен тест со грозје откријте колку се интелигентни вашите деца

Дали сте знаеле дека обичното суво грозје кое го користиме за подготовка на десерти може да ја открие интелигенцијата на вашето дете и фактот дали тоа ќе се снаоѓа во училишните клупи? Не станува збор за трик, туку за психолошко тестирање кое можете и самите да го пробате.rnrnza-najmalite-so-pomosh-na-ovoj-ednostaven-test-so-grozje-otkrijte-kolku-se-inteligentni-vashite-deca-www.kafepauza.mkrnrnОвој тест им се задава на мали дечиња кои се постари од 20 месеци и вклучува испитување преку игра, кое вклучува само 2 елемента: суво грозје и чаша. Тестирањето трае 1 минута, а како што тврдат научниците, многу е ефикасно за откривање на степенот на концентрација, обрнување внимание на деталите и способностите за учење кај најмалите.rnrnРезултатите од овој тест ќе бидат видливи уште во претшколската возраст, поточно помеѓу 6-тата и 8-тата година од животот, кога децата се подготвуваат да тргнат на училиште. Со оглед на тоа што ова е доба на големи промени, пред нив се наоѓаат бројни задачи за кои некои сè уште не се спремни. Па, со помош на резултатите, вие можете многу лесно и едноставно да предвидите дали вашето дете е спремно за училиште, односно дали ќе има потешкотии со совладувањето на материјалот и предизвиците кои доаѓаат со денешното образование и пубертетот.rn

Тест за интелигенција со грозје

rnОвој тест е предвиден за деца постари од 20 месеци. Доколку сакате резултатите да бидат поверодостојни, не треба вие самите да го тестирате вашето дете, туку да дозволите тоа да го направи друга личност, кон која детето нема изразено силни емоции.rnrnНаместете го детето на столица, а пред него, на маса, поставете зрно суво грозје и поклопете го со чаша. Потоа објаснете му дека тоа треба да го земе грозјето (или изеде) дури откако ќе добие дозвола да стане од столот. Ако тоа издржи цела минута, без да го прекрши правилото, се смета дека е натпросечно интелигентно.