Група на истражувачи од Шпанија и Холандија откриле зошто мажите ширум светот толку сакаат да гледаат фудбал. Тие откриле дека следењето на фудбалски натпревар ги возбудува поголемиот број мажи исто колку и сексот, но на различен начин.
Основниот тест кој го спровеле тие над група од 50 навивачи кои го гледале натпреварот помеѓу репрезентациите на Шпанија и Холандија на финалето на Светското првенство во 2010 година, покажал дека нивото на тестостерон било на извонредно високо ниво за време на целосното траење на мечот, без разлика дали екипата за која навивале водела и губела.rnrnВодечкиот истражувач Лендер ван дер Меј изјавил дека високото ниво на тестостерон покажува дека задоволството кое мажите го чувствуваат за време на гледање фудбалски натпревар може да се мери со ефектите од сексот. Исто така кај помладите навивачи чиј тим во моментот губел било забележано и високо ниво на кортизол или добро познат како хормон на стресот.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
