Филм за животните одлуки, за последиците, за љубовта и страстаrnrn rnrn
Главни ликови: Џеред Лето, Даен Кругер, Сара ПолиrnrnРежисер: Жако Ван Дормел rnrnЖанр: драма, фантазија, романса, научна фантастикаrnrnВреметраење: 138 мин.rnrnПремиера: 6 ноември 2009rnrnДејство: различни времиња во 20от и 21от векrnrnЈазик: англискиrnrnМузика: Пијер Ван ДормелrnrnНаша оценка: 8/10rnrn___________________________________________________________________________________________rnШто би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш? Би сакале ли да се сеќавате на сите враќања назад до моментите на донесување погрешна одлука или губење на вашиот живот како резултат на таква?rn___________________________________________________________________________________________rn
rnГосподин Никој е филм за реалните ситуации во животот на секој човек, но умешно испреплетени со фантастичното, така за да во ниту еден момент не заборавиме дека во нашите животи сепак, не можеме да живееме различни сценарија. Ова е еден од оние филмови кои ќе ве натера да се запрашате: Имав ли избор да живеам поинаку? Зависно од вашите одговори, можеби ќе успеете да дојдете до вистината.
Приказна: Немо Ноубади е 9-годишно момче кое се соочува со најтешката одлука – избор на еден од двајцата родители со кој ќе го продолжи својот живот. Но донесувањето одлуки е тешко, па тој ги испробува двете сценарија. Патем, станува возрасен човек кој среќава и се заљубува во различна девојка со која има едни или други деца. На своите 118 години пак, тој е последниот смртник кој се обидува да се сети на вистинската приказна за својот живот.
rn
„Велат ако дишеш пополека, времето поминува побавно.“
rn
„Секој пат е правиот пат. Се би можело да биде нешто друго и би имало подеднакво значење.“
rn
„Во шахот тоа се нарекува цуцгванг – кога единствениот вистински потег е да не направиш потег воопшто.“
rn
Кинематографија: Уживање е зборот кој најреално ќе го опише чувството додека тонете во техничката реализација на филмот. Крупни кадри, понекогаш прикажувајќи човечки елементи од кои ќе се згрозите, а на моменти такви од кои ќе ви се наежи кожата и стопи срцето… Забавени снимки кои изненадено преминуваат во реално временски дејства и забрзани движења кои асоцираат на споредноста на луѓето и ситуациите во животот…
Кога и како да го гледате? Господин Ноубади е филм кој апсолутно го препорачуваме за гледање, но никако во друштво со повеќе луѓе кои се склони да коментираат. Не го гледајте ако сакате да се релаксирате со добра драма која има јасно развиено дејство во петок после работа. Дајте си време и внимателно изберете ја атмосферата и друштвото.

Слични филмови: „Бескрајна светлина на еден беспрекорен ум“, „Човекот Да“, „Необичниот случај на Бенџамин Батн“, „Небо од ванила“
