Доколку сте фанови на оваа ТВ серија, тогаш сигурно знаете дека во „Игра на тронови“ (Game of Thrones) нема многу успешни венчавки. Сепак, тоа не значи дека невестите и младоженците не можат го искористат овој неверојатен свет богат со фантастични елементи како инспирација за прославата на денот кога ќе си го кажат судбоносното „Да“.rnrn
rnrnФотографката Кејти Ли од Katherine Elena Photography се погрижила за прекрасните фотографии од оваа венчавка која се одржала во замокот Смитмор во Северна Каролина.rnrn
rnrnНевестата Остин Тејлор Мони одлично ја одиграла улогата на Денерис Таргариен, а и Кортни Еделман успешно успеала да го долови ликот на Санса Старк. Исто како и хероините од серијата, така и овие дами изгледаат прекрасно и „опасно“.rnrn
rnrn
rnrnМеѓутоа, организаторите на свадбата отишле малку подалеку и донеле вистински волк за да го направат целото искуство уште понезаборавно.rnrn
rnrnВолкот се викал Ривер и бил донесен од засолништето Full Moon Farm Wolfdog, непрофитна организација која се грижи за волци. Мора да признаеме дека и Ривер одлично ја игра улогата на страшниот волк.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да ги видите сите детали од оваа неверојатна венчавка…rnrn
Волшебна венчавка инспирирана од ТВ серијата „Игра на тронови“
