КАФЕ ПАУЗА

Водете многу љубов за да изгледате 7 години помлади

Вoдете многу љубов за да изгледате 7 години помлади

Доколку вие се чувствувате романтично, но вашиот партнер со задоволство си легнува да спие, вртејќи ви го грбот, тогаш може да го премислите пренесувајќи му ја оваа информација.rnrnВoдете многу љубов за да изгледате 7 години помладиrnrnЕкспертските анализи тврдат дека редовниот секс им овозможува на луѓето подолго да изгледаат млади. Истражувањето на д-р Дејвис Викс кој е бивши шеф на одделот за психологија на стари лица во болницата „Royal Edinburgh“ покажува дека постарите мажи и жени кои имаат активен сексуален живот, изгледаат од 5 до 7 години помладо, од нивната вистинска возраст. Тој додава дека луѓето од сите возрасти треба да бидат свесни за придобивките од водењето здрав љубовен живот.rnrnДејвис потрошил цела деценија проучувајќи илјадници мажи и жени од различни возрасти.rn
rn

Задоволството кое произлегува од сексот е од круцијално значење за тоа дали луѓето ќе изгледаат и ќе се чувствуваат млади. Лачењето на ендорфините кои прават да се чувствуваме добро е исто така од голема важност. Тие делуваат како природни уништувачи на болката, опуштаат и благодарение на нив полесно заспиваме. Со сексот се забрзува циркулацијата на крвта што е добро за срцето и се лачат хормони кои не дозволуваат кожата да се збрчка и ѝ даваат сјај и еластичност. Сексот ги топи калориите и го зајакнува имунолошкиот систем, ослободува од стрес и може да го подобри квалитетот на сонот“ – вели д-р Викс.

rn

50-годишниот младолик доктор вели: „Мојата порака е дека водењето љубов е добра работа. Сексуалната сатисфакција е огромен причинител за квалитетот на животот, исто како што е и духовната исполнетост. Сексот не е привилегија само на младите и треба да се практикува низ целиот живот.“

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.