Војната е најголемото зло за човештвото. Војните секогаш со себе носат голем број невини жртви и предизвикуваат тешко поправливи материјални штети. Постојано се зборува за мир во светот како најголема желба на сите луѓе, но тоа никако да се спроведе во реалноста. Во продолжение прочитајте ја оваа поучна приказна која го пронаоѓа вистинското решение за реализација на оваа благородна идеја…rnrn
rnrnЕден ден, мирољубивите жители на Земјата го замолиле моќниот волшебник да ги сопре сите војни и крвопролевања на планетата.rnrn„Тоа е лесно. Ќе го уништам целото оружје на Земјата и никој нема да може да војува“, одговорил тој.rnrn„Тоа би било одлично!“, возбудено извикале луѓето.rnrnВолшебникот ја употребил неговата магија и немало повеќе оружје. На планетата завладеал мирот, а оние кои сакале да војуваат не можеле да најдат оружје. Кога конечно сфатиле дека целото оружје засекогаш исчезнало, направиле копја од млади стебла и одново започнале да се повредуваат едни со други. Кога волшебникот ги чул лошите вести, рекол:rnrn„Не грижете се. Јас ќе ги уништам сите млади дрвца, па овие насилници нема да можат да се борат.“rnrnПо неколку дена поминати во безуспешна потрага по млади стебла погодни за изработка на копја, бунтовниците почнале да ги сечат големите дрвја за да направат палки и крвопролевањето одново започнало. Волшебникот ги уништил сите големи дрвја, но луѓето почнале да изработуваат ножеви и мечеви од метал. Тој го уништил целиот метал на планетава, а тие почнале да фрлаат со камења едни по други. Волшебникот сметал дека треба да ги уништи и камењата, но тогаш луѓето се побуниле.rnrn„Сите дрвја исчезнаа, нема ни метал ни камен. Како да живееме? Што да јадеме? Луѓето наскоро ќе почнат да умираат и без борба. Не, ова не е вистинското решение за проблемот!“, очајно негодувале тие.rnrn„Не знам како да го решиме овој проблем“, збунето одговорил волшебникот.rnrnЛуѓето навистина не знаеле што да прават. Тогаш едно паметно момче излегло од толпата и му се обратило на волшебникот:rnrn„Знам што треба да направите. Луѓето треба да се чувствуваат онака како што другите се чувствуваат поради нивните постапки. Ако некој човек повредил некого, нека ја почувствува истата болка, а ако израдувал некого, нека ја почувствува истата среќа. Така, никој никого нема да повредува, бидејќи во истиот момент ќе ја почувствува неговата болка и ќе мора да престане.“rnrnСите луѓе биле воодушевени од идејата на момчето, а волшебникот веднаш ја остварил неговата замисла. Ги вратил назад сите дрвја, камења и метал, па дури и оружјето. Оттогаш никој на планетата не се обидел да повреди некого. Луѓето почнале да си помагаат едни на други и продолжиле да живеат во хармонија и среќа.
Поучна приказна: Како да им се стави крај на војните?
