КАФЕ ПАУЗА

Визуелен тест на личноста: Каков е вашиот начин на комуницирање?

Визуелен тест на личноста: Каков е вашиот начин на комуницирање?

Зборот комуникација потекнува од латинскиот збор „communis“, што значи споделување. Ефективната комуникација значи дека пораката од испраќачот е разбрана од примачот токму онака како што требало. Добрите комуникациски вештини се клучни за личниот развој и успехот, па не е ни чудно што луѓето бараат начин да ги подобрат. Проблемот е што секој е уникатен и има свој начин на комуникација, па не постои формула што одговара за сите. Доколку и вие сакате да ги подобрите вашите вештини за комуникација, најпрво треба да откриете каков е вашиот начин на комуницирање. Овој тест ќе ви помогне во тоа.rnrnВизуелен тест на личноста: Каков е вашиот начин на комуницирање?rnrnПогледнете ја сликата и размислете што прво забележавте. Она што прво ви паднало во очи ќе ви открие како комуницирате со семејството, пријателите и сите околу вас.rn

1. Нога на маж

rnАко прво ја забележавте ногата на мажот, вие сакате да комуницирате директно. Вие сте личност која лесно може да ги сподели нејзините мисли и чувства со другите. Тоа е одлично бидејќи ви помага да го изнесете вашиот став, но ѝ полесно да ги завршите работите.rnrnНо, понекогаш вашиот начин на комуникација не обрнува внимание на туѓите чувства и емоции. Понекогаш потребно е да бидете почувствителни додека разговарате со некого. Можете да го искажете вашето мислење и без да ги повредите луѓето околу вас.rn

2. Нога на жена

rnВие сте личност којашто сака да размисли пред да каже нешто. Одвојувате време да ги разберете вашите чувства и мисли и секогаш ги барате совршените моменти, места и време за да ги искажете вашите чувства.rnrnНо во овој процес може да се појави одолговлекување во комуникацијата и додека вие да се подготвите да прозборите, соговорникот може погрешно да ја толкува вашата тишина. Добро е што одвојувате време да размислите за вашите мисли пред да ги споделите, но тишината може да се сфати на многу начини. Па наместо да молчите, кажете му на соговорникот дека размислувате за вашиот одговор.rn

3. Двете нозе

rnВие сте личност која обично не размислува многу пред да каже нешто. Имате силни ставови и екстремни емоции, па сакате да ги споделите што е можно побрзо. Ова ве прави спонтани и многу луѓе се восхитуваат затоа што не се воздржувате. Сепак, овој начин на комуницирање може да ги повреди луѓето околу вас.rnrnДобро ќе биде ако одвоите момент за да ги анализирате вашите мисли и чувства и да размислите за нивното влијание на другите. Дури потоа продолжете со зборување.rnrnЗа да откриете и каков е вашиот начин на размислување, доволно е да одговорете само на ова прашање.