КАФЕ ПАУЗА

Што секој татко ја учи својата ќерка за нејзиниот иден сопруг?

Што секој татко ја учи својата ќерка за нејзиниот иден сопруг?

Татковците внимаваат да бидат совршен пример за нивните ќерки. Секој добар и грижлив татко внимава да ги прикаже оние карактеристики за кои смета дека неговата ќерка треба да ги бара во нејзиниот иден партнер и сопруг. Еве на што најчесто ги учат татковците своите ќерки кога станува збор за љубовта.rnrnШто секој татко ја учи својата ќерка за нејзиниот иден сопруг?rn

Заслужува некој кој, пред сè, ќе ја почитува

rnИсто како што нејзиниот татко ја почитувал и ја третирал како еднаква на него додека растела.rn

Заслужува некој кој верува во неа

rnНикогаш не смее да покаже дека се сомнева во нејзините соништа, цели и аспирации, и ќе продолжи да ја поттикнува и мотивира тогаш кога таа изгубила верба во себеси.rn

Заслужува некој кој ќе го цени нејзиното мислење

rnКога има проблем или се соочува со потешкотија, треба да ѝ се обрати неа бидејќи ѝ верува и го вреднува нејзиното мислење.rn

Заслужува некој кому може да му верува

rnДовербата е клучна во заедничкиот живот. Тој треба да ѝ влева сè повеќе доверба и сигурност со секој нов ден.rn

Заслужува некој кој е посветен на семејството

rnИ кој исто така ќе биде посветен на нивното семејство во иднина. Оној кој си игра со малите деца и го почитува зборот на своите родители.rn

Заслужува некој кој ќе биде искрен со неа, и добронамерно ќе ја критикува

rnКој ќе ѝ мисли добро, исто како нејзиниот татко, и кој за нејзино добро ќе најде начин да ѝ даде критика и да ја наведе на подобриот пат.rn

Заслужува некој кој е паметен и вреден

rnНејзиниот татко ѝ бил пример за тоа што значи да работиш напорно за да му обезбедиш благосостојба и сигурност на своето семејство. Токму таков треба да биде нејзиниот партнер.rn

Заслужува некој кој ќе признае кога греши

rnСекој прави грешки, и кога нејзиниот партнер или сопруг згрешил на кој било начин, треба да признае и да се извини, исто како што и таа треба да постапи кога ќе направи грешка.rn

Заслужува некој кој ќе ја вреднува, сака и заштитува

rnНејзиниот татко од петни жили се потрудил да ја заштити од секое зло на земјата. Истата задача ја има нејзиниот иден сопруг. Таа не смее да се задоволи со ништо помалку од љубов и заштита.rn

Заслужува некој кој ќе знае да ја ислуша

rnБидејќи, како и сите други, ќе има лош ден и период кога работите ќе тргнат по удолница. Заслужува некој кој ќе знае да седне покрај неа, да ја прегрне и внимателно да ја ислуша.rn

Заслужува некој кој знае да биде сериозен

rnТој може да има добра смисла за хумор, да биде шегаџија, да знае да се забавува до зори, но кога животот ќе побара од него да ги сфати работите сериозно, тој мора да го направи тоа.rn

Заслужува некој кој ќе ја третира како кралица

rnОнака како што нејзиниот татко се однесувал кон нејзината мајка.rn

Заслужува некој кој знае да покаже емоции

rnНекој кој нема да си го негува своето скапоцено машко его, и ќе знае отворено да зборува за тоа како се чувствува. Некој кој ќе ги покаже своите емоции, како љубовта и нежноста што ги чувствува, и нема да се плаши што другите мислат за неговата нежност.rn

Заслужува некој кој нема потреба од неа само физички

rnНекој кој ќе ја сака и духовно ќе се поврзе со неа. Со него ќе се најдат на иста бранова должина, и таа ќе му биде многу повеќе од само физичко задоволство.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.