КАФЕ ПАУЗА

Подигнете го нивото на вашата самодоверба

Подигнете го нивото на вашата самодоверба

Вашата претстава за себеси има огромно влијание врз тоа како другите луѓе ве доживуваат. Колку сте посамоуверени, толку е поверојатно дека ќе успеете во животот. Голем број фактори имаат силно влијание врз вашата самодоверба кои се надвор од ваша контрола, но има и многу нешта кои можете да ги направите за да ја доизградите. Со следниве стратегии ќе успеете да ја достигнете вашата потребна ментална подготвеност за успех.rn

1. Облеката нека говори за вас

rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnИако облеката не го прави човекот, сепак начинот на облекување влијае врз тоа како се чувствувате. Направете ја вашата појава  необична и препознатлива за останатите. Ова не значи да трошите премногу пари на облека. Едноставно почнете полека и надградувајте го вашиот плакар со интересни и квалитетни парчиња. Изгледот комплетирајте го со вашиот омилен парфем, некое парче накит и интересна фризура.rn

2. Изберете идол

rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnБез разлика дали станува збор за некој ваш близок или позната личност, најдете модел на личност кому навистина се восхитувате. Ова не значи да го имитирате или да му го преземате стилот. Едноставно, фокусирајте се на квалитетите кои таа личност ги поседува и учете.rn

3. Вежбајте

rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnВежбањето и оформувањето на вашето тело може двојно да ја зајакне вашата самодовербата. Редовната физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и ќе направи да се чувствувате поудобно во вашето тело. Ќе бидете изненадени од тоа колку опуштени и комуникативни можете да бидете.rn

4.  Најдете ја вашата страст

rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnБез разлика дали тоа ќе биде музиката, некоја боречка вештина или пак везење, правењето нешто во кое уживате ќе ве направи сигурни и исполнети. Уште поважно е тоа што со напредувањето во вашето хоби, самодовербата ќе се движи во нагорна линија.rn

5. Подобрете го држењето на вашето тело

rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnДржете ги грбот и рамената секогаш исправени. Главата секогаш нагоре и не дозволувајте погледот да ви паѓа надоле. Избегнувајте да ги прекрстувате рацете или постојано да ги подигате ракавите нагоре. Ваквите гестикулации прават да изгледате многу несигурно и нервозно.rn

6. Однесувајте се самоуверено дури и да не се чувствувате така

rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnМожеби ќе ви звучи чудно и неприродно, но овој метод е многу ефективен. Секогаш смејте се, зборувајте гласно и јасно, правете шеги и гледајте ги луѓето во очи додека зборувате со нив. Научете да не ви е грижа што мислат другите, само така навистина ќе бидете среќни.rn

7. Примајте комплименти, но и давајте

rnПодигнете го нивото на вашата самодовербаrnrnКога имаме негативна перцепција за некого, обично тоа се преточува во озборувања и навреди. За да се надмине овој проблем, без разлика на се, треба да се гледаат и позитивните страни кај секого. Со самото тоа што ќе почнете да ги забележувате и истакнувате добрите страни на човекот, индиректно го изнесувате најдоброто од себе, а тоа сигурно нема да помине ненаградено.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.