Доколку досега сте мислеле дека нема ништо поудобно од вашите пижами и широки маици што ги носите за спиење, време е да го промените вашето мислење. Имено, научниците откриле дека спиењето голи со саканата личност е добро за здравјето. Во продолжение прочитајте зошто уште вечерва треба да се ослободите од целата облека пред да потонете во длабок сон…rnrn
rn
Подобро спиеме кога нашата телесна температура е пониска
rnМногу помирно спиеме кога нашата телесна температура е пониска, а колку помалку парчиња облека носиме толку помалку топлина задржуваме. Дури и најмалото покачување на температурата може да ја зголеми активноста во одредени делови од мозокот што доведува до немирен сон.rn
Чувствуваме поголема емоционална поврзаност со партнерот
rnСпиењето голи до партнерот ослободува голема количина на окситоцин. Окситоцинот е „љубовен“ хормон кој го подобрува расположението, ни помага да го одржуваме имуниот систем и го зголемува чувството на емоционална поврзаност.rn
Побрзо заспиваме и полесно се будиме
rnСпиењето голи значи дека нема парчиња облека кои би ја попречувале размената на топлина, а тоа е одлично за циркулацијата. Тоа може да ни помогне да заспиеме побрзо и да се разбудиме полесно што претставува проблем за многумина. Токму затоа спиењето голи е особено препорачливо за луѓе што имаат проблеми со сонот.