Според научниците, осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите

Сподели

Според истражувањата, осаменоста го зголемува ризикот од предвремена смрт и за 26%. Студијата која била објавена во списанието „Perspectives on Psychological Science“ покажала и дека изолацијата од луѓе, како и малите социјални врски можат да го зголемат тој ризик. Токму затоа и експертите сметаат дека осаменоста може да биде исто толку штетна за вашето здравје како и цигарите.

Истражувачите направиле разлика помеѓу луѓето кои се чувствуваат осамено и оние кои воопшто немаат контакт со надворешниот свет. Резултатите покажуваат дека во ризичните групи се наоѓаат оние кои се сами, дури и ако се чувствуваат среќно, како и оние кои имаат многу социјални контакти, но сепак се чувствуваат осамено.rn

„Ако им кажеме на луѓето да се дружат почесто, тогаш со тоа би се решила социјалната изолација, но не и чувството на осаменост. Токму затоа треба и двете категории да се прифатат како подеднакво важни“, велат научниците.

Реклама

rnЕкспертите тврдат дека развојот на технологијата влијае на фактот што сè поголем број луѓе живеат во социјална, избегнувајќи контакт лице в лице. Од друга страна, истражувањата покажале и дека со остарувањето пријателски и романтични врски, се намалува стресот, се подобрува имунитетот и самиот живот со добива смисла.

Најново

Може ќе ве интересира