Има стотици романтични традиции низ светот за кои веројатно никогаш не сте ни слушнале. За вас ги издвојуваме седумте најинтересни, кои се надеваме дека ќе ви се допаднат.rn
1. Љубовни катанци
rn
rnrnНиз Европа има безброј места каде се негува традицијата на љубовни катанци. Паровите купуваат катанче, на него ги пишуваат иницијалите и потоа го заклучуваат на мост. Со ова на светот му ја покажувате вашата љубов, која се смета дека ќе остане вечна, исто како и заклучениот катанец.rn
2. Клупа за бакнување
rn
rnrnВо 1912-та година, во САД, еден студент од универзитетот Сиракузи, изградил камена клупа. Со текот на времето станала место каде паровите се бакнуваат. Се смета дека сите оние кои таму ќе се бакнат, некогаш ќе се земат. Затоа, луѓето одат таму, обезбедувајќи си среќен брак и убава врска.rn
3. Новогодишен бакнеж
rn
rnrnСе смета дека луѓето кои нема да се бакнат на полноќ ќе бидат осамени во текот на целата наредна година. Во Шкотска, на Нова година, која тие ја нарекуваат Хогманај, треба да се бакнете со сите присутни на забавата. Тоа е обичај кој трае со децении.rn
4. Љубовна колиба
rn
rnrnВо регион на Камбоџа родителите градат љубовни колиби за нивните ќерки-тинејџерки. Кога ќе дојде време за мажење, различни момчиња влегуваат во колибата. Девојките зборуваат со сите, сѐ додека не го најдат идниот сопатник. Потоа тие подобро се запознаваат, водат љубов и бракот се остварува.rn
5. Група девојки
rn
rnrnДаи луѓето од Кина ја имаат следнава традиција на додворување. Група девојки седат заедно во текот на вечерта. Од друга страна, група машки, замотани во црвени ќебиња, им приоѓаат и избираат една девојка на која ќе ѝ отпеат серенада. Ако и на неа ѝ се допаѓа момчето, таа ќе постави стол за тој да седне. Тој пак, ќе возврати на тој начин што ќе ја завитка со црвеното ќебе и така врската се смета за започната.rn
6. Венчални прстени
rn
rnrnВо Чиле, не е само жената таа што носи свршувачки прстен. И двајцата носат прстени на десната рака, а откога ќе се земат ги ставаат на левата.rn
7. Завиткан ориз
rn
rnrnВо Југозападна Кина, девојките готват ориз во различни бои. Мажите им приоѓаат, им пеат серенада, а тие на тоа одговараат со подавање на парче платно во кое има завиткано ориз. Она што е внатре заедно со оризот, го дава одговорот. Две стапчиња за јадење ориз значат дека ѝ се допаѓа, едно стапче дека љубезно го одбива, а чешне лук дека едвај чека да го откачи.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.