КАФЕ ПАУЗА

Три работи што не треба да ги правите во триесеттите години

Три работи што не треба да ги правите во триесеттите години

Ова се некои од работите за кои многумина жалат подоцна во животот, па не дозволувајте тоа да ви се случи и вам. Ако се пронајдете, сепак сè уште имате време да поправите некои работи во својот живот.rnrnТри работи што не треба да ги правите во триесеттите годиниrn

1. Се обидувате да ги исполните социјалните норми

rnЌе почувствувате притисок поврзан со тоа што околината смета дека треба да го направате, а сè уште не сте го направиле – да стапите во брак, да имате свој стан, да имате деца и да имате стабилна работа. Но, не дозволувајте тоа да влијае на вас и на вашите одлуки, туку живејте како што вам ви одговара. Сите луѓе се различни и вистинското време за одредени работи во животот е индивидуално.rn

2. Поминувате премногу малку време со родителите

rnЕдна од работите за кои најмногу луѓе жалат по 30-тите години е тоа што не поминувале доволно време со своите родители додека имале можност да прават многу работи заедно. Тие посакуваат да поминувале повеќе време со родителите правејќи некои едноставни работи, како прошетки, патувања или едноставно разговарање со нив.rn

3. Ја ставате работата на прво место во животот

rnНешто што треба да се има предвид во 30-тите години е дека работата не е сè на светот, иако е важнa за иднината и за егзистенцијата. Не дозволувајте работата и кариерата да ви бидат на прво место во животот, пред семејството и пријателите. Времето поминато со најблиските е многу повредно од парите.rnrnПогледнете која облека треба да ја исфрлите од вашиот орман по триесеттата година.