Правилата за користење контрацепциска терапија се многу едноставни. Треба да пиете по една таблета секој ден во исто време во период од три недели, па да направите пауза од 7 дена. Постапката е кристално јасна, се согласувате? И покрај тоа, животните обврски понекогаш можат да ја нарушат таа рутина и да заборавите да испиете таблета. На тој начин се нарушува целиот процес на заштита од несакана бременост. Ако некогаш се најдете во таква ситуација, не грижете се, бидејќи постојат неколку едноставни правила што би можеле да ви помогнат.rnrn
rnrnИстражувањата покажале дека жените најчесто забораваат да испијат контрацепциска таблета во текот на викендот кога нивните неделни рутини се нарушени и тогаш доаѓа до проблем, па се поставува следново прашање: Што треба да направите ако заборавите да испиете контрацепциска таблета?rnrnТреба да знаете дека од големо значење е тоа во која недела од терапијата сте заборавиле да земете една или повеќе таблети. Најголем ризик од бременост се јавува кога сте заборавиле да испиете таблета во првата недела по паузата. Ако доцнењето не е подолго од 12 часа, ризикот речиси не постои.rn
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СТЕ ЗАБОРАВИЛЕ ДА ИСПИЕТЕ…
rn
Една контрацепциска таблета
rnАко сте пропуштиле само една таблета или сте задоцниле еден ден, со новата серија таблети во новиот менструален циклус сѐ уште сте заштитени од несакана бременост.rn
- rn011
- Веднаш испијте ја таблетата што сте ја пропуштиле без разлика дали ќе испиете 2 истиот ден.
- Остатокот од таблетите продолжете да ги пиете во вообичаениот редослед.
- Кога ќе завршите со серијата таблети, како и досега направете пауза од 7 дена.
rn011
rn011
rn
rn
Две или повеќе контрацепциски таблети
rnАко сте заборавиле да испиете повеќе од една таблета или сте влегле во новиот циклус со задоцнување од 2 или повеќе дена, ризикот од несакана бременост е значително зголемен.rn
- rn011
- Веднаш испијте ја таблетата што сте ја пропуштиле без разлика дали ќе испиете 2 истиот ден.
- Не надоместувајте за повеќе од една дополнителна таблета дневно. Занемарете ги останатите и прескокнете ги.
- Остатокот од таблетите продолжете да ги консумирате во вообичаениот редослед.
- Следните 7 дена, користете дополнителна заштита за време на сексуалните односи.
rn011
rn011
rn011
rn
rnДокторите советуваат дека жените кои често забораваат да испијат таблета треба да користат хормонална контрацепција во форма на кожна налепница (се менува еднаш неделно) или вагинален прстен кој се внесува во матката и ослободува хормони во период од 3 недели, а потоа следува 7-дневна пауза.rnrnПрочитајте ги и овие методи на контрацепција и заштита од несакана бременост.