Најстрого чуваните тајни во светот што ги знаат само по две личности

Сподели

rn

Реклама

6. Формулата за предвидување на времето Алманак

rnСпецијалната формула за предвидување на времето која била објавена во овој весник била измислена од основачот на весникот, Роберт Б. Томас. Популарноста на овој весник зависи од нивната прецизност за предвидување на времето, па не е ни чудно што ја чуваат во тајност. Формулата им е позната само на главниот уредувач и на еден анонимен метеоролог.rn

7. Локацијата на калта за бејзбол топчиња Lena Blackburne

rnТешко е за верување, но целата лига на бејзбол зависи од посебната кал за топчиња. Пред 1930-тите, многу тимови пробале разни смеси, сè додека Лена не добила идеја да го намачка топчето со кал. Наскоро целата лига ја користела оваа кал, а нејзината локација се чува во тајност уште од тогаш. Само сопствениците на бизнисот ја знаат тајната.rn

8. Ефектот Берглас

rnМагионичарите кои го знаат овој трик можат да ја „извадат“ картата која ја кажала публиката од каде било во шпилот без воопшто да го допрат. Овој трик со карти им е познат само на двајца, Дејвид Берглас, кој го измислил, и неговиот ученик, Марк Пол. Многу магионичари се обиделе да ја откријат тајната, но никој не успеал досега.rn

9. Резултатите за Оскарите

rnОд почетокот на Оскарите, ниту еднаш немало протекување на информации за победниците. Резултатот од гласањето на жирито се добива со рачно броење. Резултатите се пренесуваат во 2 разни актовки и тоа во придружба од полиција.rn

10. Плазма екрани

rnМалкумина го знаат ова, но технологијата на плазма екраните е истражувана и разработувана исклучиво од Самсунг. Тие би биле монопол во бизнисот со телевизори, но еден од нивните вработени ги украл тајните документи и на последниот работен ден си заминал со нив. Тој им ги дал тајните на една кинеска компанија, па денес секој производител може да направи плазма телевизор.rn

Бонус: Производство на свила

rnПроизводството на свила има долга и шарена историја. Со векови, западот знаел малку за свилата и за луѓето коишто ја произведувале. Повеќе од 2.000 години Кинезите ја чувале тајната само за себе. Ова е можеби најљубоморно чуваната тајна во историјата. А тоа не треба да нè чуди – свилата е најсилното влакно и свиленото јаже е многу посилно од метална жица со иста дебелина.

Прочитајте и нешто повеќе на најмистериозните тајни друштва во светот.

Популарно

Може ќе ве интересира