Кога еден млад човек од Аризона видел знак за бесплатно куче на една куќа, тропнал на влезната врата и веднаш се заљубил во слаткото кутре што го нашол. Но, брзо откако тој го одвел кутрето дома, почнал да добива чудно чувство за крзненото топче – како да не е тоа што изгледа. Неон успевал да ископа дупка под оградата за да избега, некогаш дури и ја прескокнувал со цел да игра со кучињата на соседите. Тој исто така и не бил заинтересиран за грицки, што е многу чудно за кучиња, и воопшто не се дружел со луѓе, освен со сопственикот. Неговото однесување станувало сè потешко за контролирање, па сопственикот решил да го одведе во засолниште. Токму тогаш и дознал дека станува збор за волк!rnrn
rnrnИ кога ќе размислите, тоа е навистина типично однесување за волк – тој прави сè што е во негова моќ за да ја пронајде својата глутница. Од друга страна пак, тој ги имал сите физички знаци на волк, од бојата на очите и видот на крзното, сè до фактот дека не можел да биде соодветно трениран. За среќа, тој го одвел Неон во засолниште за волци, каде што ја нашол среќата и глутницата по која тежнеел. Тој се зближил со алфа женката Маја и заедно уживаат во завивање покрај други волци.rnrn

Тој мислел дека посвоил куче, но набрзо дознал дека станува збор за нешто сосема друго
