Макрофотографијата е метод на фотографирање мали објекти одблизу, со помош на специјализирана опрема. Поинаку кажано, тоа е процес на фаќање слики од мали објекти со стандардна фотографска леќа во размер 1:1 или поголем. Според професионалците, макрофотографијата е способност на леќата да произведе слика која е исто толку голема (или поголема) на дигиталниот сензор, како што е во реалниот живот.rnrn
rnrnМакрофотографијата не вклучува зумирање или приближување до субјектот. Наместо тоа, фотографите се „потпираат“ на самата леќа да ја зголеми сликата која ќе се пренесе на сензорот или на филмот.rnrn
rnrnНајпопуларни нешта кои фотографите ги избираат за нивни субјект на макрофотографија се дрвјата, цвеќињата, инсектите и целокупната природа во сите нејзини облици и големини.rnrn
rnrnОваа прекрасна и инспиративна колекција од макрофотографии е направена од страна на самоукиот фотограф Јоаким Краемер кој има само 19 години, а живее во Норвешка. Тој започнал да се занимава со фотографија кога го купил првиот DSLR фотоапарат, во јануари 2008.rnrn
rnrnНеговите фотографии ја одмораат душата и го освежуваат окото, на инспиративен начин прикажувајќи ја природата од поинаков агол.rnrn
















rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
