Секс кој би требало да го избегнувате

Сподели

Секој од нас имал моменти кога после сексуалниот чин, наместо среќа и задоволство почувствувал разочарување и потиштеност. За да не ви се случува тоа, прочитајте ги трите основни правила за секс кој треба да го избегнувате.

Реклама

rn

1. Секс на сила

rnАко имате секс само за да ги задоволите потребите на својот партнер или да ги исполните брачните должности, тоа е потполно погрешно и е причината поради која нема да уживате. Слободно кажете дека немате желба и не очајувајте поради тоа. Ќе дојде момент кога и вие ќе бидете спремни за акција. Од друга страна, секс на брзина е идеален во моменти на страст, но никако под присилба.rn

2. Секс во момент кога сакате да правите нешто друго

rnОбидете се да го избегнувате сексот при кој не сте сконцентрирани на уживањето, туку мислите ви се одлетани на друго место. Ако ве мачат грижи или едноставно имате други работи за кои размислувате, не почнувајте со сексуален чин. Бидејќи вашите чувства и мозок не се на иста бранова должина, уживањето ќе изостане.rn

3. Секс со погрешна личност

rnАко не сте во врска а барате авантура, не земајте го сексот „здраво за готово“. Кога ќе се најдете во таква ситуација размислете дали таа „жешка“ ноќ утредента ќе сакате да ја избришете од вашето сеќавање или да ја задржите. Овој секс е најчесто под дејство на алкохол. Ако сте заинтересирани за ноќна авантура со непознат, секс со добар пријател во момент на слабост или дури и со шефот, добро размислите дали би ви се исплатило тоа што би го направиле.

Популарно

Може ќе ве интересира