Понекогаш може да биде навистина тешко да разберете што сакате од животот, љубовта и врските, но уште потешко е да сфатите што ви е потребно. Одговорот на ова можете многу лесно да го пронајдете со помош на овој психолошки тест. Едноставно фрлете око на сликата и првото нешто ќе го забележите ќе ви открие по што потајно копнеете во љубовта!rnrn
rn
1. Човечко лице
rnАко првото нешто што го видовте на оваа слика беше човечко лице, тогаш вие сте личност што силно се труди да се здобие со почитта на сите луѓе што ги познава. Ова ви доаѓа многу едноставно бидејќи имате способност да ги читате луѓето, па знаете како да се поставите кон нив.rnrnНо, кога станува збор за љубовта, вие имате потреба да бидете сфатени. Со оглед на тоа што сте комплицирана личност којашто постојано покажува само еден аспект на својот карактер, неретко се чувствувате како никој вистински да не ве познава. Верувајте, тоа е далеку од вистината – сè што треба да направите е да им дадете доволно време на најблиските и тие ќе ве запознаат подобро одошто се знаете самите себеси.rn
2. Човек во капут
rnАко најпрво го забележавте човекот во капут, тогаш вие сте личност што во себе носи многу таги. Не велиме дека сте депресивни (иако кај некои од вас и тоа би можело да биде вистина), туку дека сте исклучително свесни за рамнотежата помеѓу сите нешта – животот и смртта, среќата и тагата, почетокот и крајот… Тешко е да се гледа кон светот со вакви очи, па затоа и често сте многу тажни.rnrnШто се однесува до љубовта, тоа што навистина ви треба е целосно прифаќање. Вие копнеете партнерот да ве прифати и да ве сака токму такви што сте, без постојано да се обидува да ве промени или пак, да ве „поправи“.rn
3. Бебе
rnАко бебето е првото нешто што ви падна во очи на сликата, тогаш сте личност која често се чувствува беспомошно. Точно е дека сте возрасни и дека знаете како да се грижите за себе и како да си ги платите сметките, но поголемиот дел од времето чувствувате како да немате контрола над вашиот живот и како нештата да ви се случуваат без разлика на вашите дејства. Поради тоа лесно паѓате под влијание на стресот, а неретко и знаете да се исплачете без очигледна причина.rnrnТоа што навистина ви е потребно од љубовта е нега. Но, да бидеме јасни – ние не сакате дадилка. Не сте дете. Вие имате потреба од личност што може да ви помогне да го носите светот на вашите рамена, некој што постојано ќе биде покрај вас, што ќе ви направи чај и ќе ги слуша сите ваши недоумици. На кратко, ви треба карпа!rn
4. Волшебник
rnВидовте волшебник? Тоа значи дека сте личност која подеднакво е и љубопитна и страсна. Можеби затоа и не можете да се задоволите со учењата на само една религија – вие сте премногу љубопитни да не „ѕирнете“ и во останатите. Ова важи за сите аспекти од вашиот живот.rnrnШто се однесува до љубовта, вие имате потреба од духовна врска. Важно ви е да чувствувате духовно исполнување покрај партнерот. Тоа не значи дека треба да ги делите истите верувања, туку да поставувате исти прашања во однос на светот и универзумот. Сакате да бидете со човек кој нема да се „исклучува“ додека му зборите за вашите теории и му досадувате со чудните размислувања.rn
5. Двајца министри
rnАко прво ги видовите министрите, тогаш вие сте сосредоточена и тврдоглава личност што сака сите нешта да ги држи под контрола. Ви звучи напорно? Да, имате право. Животот би ви бил многу полесен ако едноставно се препуштете на нештата… Вие секогаш мислите дека сте во право и иако тоа е вистина во поголемиот дел од ситуациите, треба да имате на ум дека не сте најинтелигентната личност на планетата.rnrnКога станува збор за љубовта, вие копнеете за предизвик. Сакате партнер кој постојано ќе биде покрај вас, кој ќе ве поддржува, но исто така и ќе ве предизвикува и ќе ве тера да размислувате сериозно дури и за најмалите ситници. Имате потреба и од личност од којашто ќе можете да учите нови нешта.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Страв ви е да покажете слабост во љубовта? Кликнете на првото нешто што ќе ви падне во очи и дознајте зошто ви се случува тоа…
[/message_box]
