Сите сакаме да веруваме дека имаме некакви вештини за преживување и дека би можеле да се справиме во опасни ситуации. Но, во реалноста не можете да знаете дали навистина можете да се справите со нешто сè додека не се случи тоа.rnrn
rnrnОдличен пример за ова е неверојатната приказна на Алди Новел Адиланг, тинејџер од Индонезија, кој работел на пловечка колиба за риболов. Веќе неколку години го работел ова без никаков инцидент, кога еден ден се случило нешто незамисливо.rnrnОва лето Алди работел, кога силен ветар ги скинал јажињата што ја држеле колибата и тој отпловил сред океан. Целото искуство било застрашувачко и ужасно, најмногу бидејќи Алди имал храна и вода само за неколку денови.rnrn
rnrnСепак, тој преживеал ловејќи риба и горејќи го дрвото од колибата за да ја зготви. Пиел морска вода што ја филтрирал со неговата облека со цел да не консумира премногу сол. Речиси и да не можеме да си ги замислиме отпорноста и желбата за живот на ова дете.rnrnАлди конечно бил спасен од водата во Гуам по месец и пол поминат сред океан.rnrn
rn
„Секој пат кога забележувал голем брод, чувствувал надеж, но повеќе од 10 бродови поминале покрај него и ниту еден не застанал затоа што не го забележал“, изјавил Фахар Фирдаус, индонезиски дипломат од конзулатот во Осака.
rnПа, секогаш кога ќе помислите дека нешто е безнадежно, потсетете се на оваа приказна. Држете ја главата исправено и најдете начин да останете над површината (понекогаш и буквално). Одржете го тој фокус и ни самите нема да знаете на што сè сте подготвени, особено кога немате друг избор освен да верувате дека ќе го дочекате и утрешниот ден.rnrnВо случај да се најдете во ваква или слична ситуација, добро би било да ги знаете овие совети и трикови за преживување.