Дали некогаш сте се запрашале за што навистина ве бидува и која е работата што целосно ве исполнува? Доколку тоа е така, еве неколку едноставни совети кои веројатно ќе ви помогнат полесно да го пронајдете тоа што уживате да го правите.rnrn
rn
Не потпаѓајте под туѓо влијание
rnПрвото нешто што треба да го направите е да престанете да ги слушате мислењата на другите за тоа со што вие треба да се занимавате. Вие сте оние кои треба да бидат исполнети и затоа треба да си ја следите интуицијата и сопствениот внатрешен глас. Можеби звучи како клише, но навистина е така. Не се плашете од ризици и не дозволувајте другите луѓе да ве обесхрабрат во исполнувањето на посакуваните цели и намери.rn
Бидете отворени
rnДоколку сметате дека ве бидува за повеќе работи, не се ограничувајте и потрудете се да ги искористите сите. Можеби сте талентирани за пишување и фотографија, па зошто да не се обидете да се надградите и во двете сфери. Што и да е, бидете свесни за талентите што ги поседувате и не дозволувајте да пропаднат.rn
Откријте што навистина ве интересира
rnДали постојат одредени политички, општествени, религиозни, економски прашања за кои многу се интересирате? Направете листа од работите кои сакате да ги истражувате и фатете се за работа. Најдобро е да се сконцентрирате на еден или два интереса и да се потрудите да бидете одлични во нив, наместо просечни во сите.rn
Блиските нека ви ги посочат талентите
rnПонекогаш најблиските се повеќе свесни и подобро ги забележуваат талентите кои ги поседуваме. Послушајте што тие имаат да ви кажат околу тоа. И секако, не правете го тоа за да им удоволите. Послушајте ги кога навистина знаат да ви посочат во што сте добри и почнете со развивање на тие вештини.rn
Сетете се што сакавте да бидете како мали
rnШто посакувавте од срце да бидете кога ќе пораснете? Не е лошо да се запрашате и да мислите во оваа насока бидејќи токму во детството страстите и желбите се најискрени и чисти, без присуство на страв и инхибиција.rn
Направете список со личности што ве инспирираат
rnПравењето список со личностите што ве инспирираат е навистина добра идеја. Не мора да се некои познати луѓе, едноставно личности чиј живот сакате да го живеете. На овој начин, мошне лесно ќе сфатите каде ви лежат страстите бидејќи веројатно се слични со страстите на личностите на кои им се восхитувате.rn
Запрашајте се што би направиле доколку немате никакви ограничувања
rnШто би направиле доколку буквално ништо не ви стои на патот на соништата, страстите и талентите? Што ќе направите со животот ако не постојат ограничувања? Ова се одлични прашања бидејќи ве водат кон гласот на срцето. Добро е да се знаат таквите желби, дури и ако во моментот не сте во состојба да ги исполните. rnНа крајот, стравот од неуспех е можеби она што најмногу ве попречува во остварување на желбите и соништата, а не некоја реална пречка. Затоа, не плашете се, верувајте си на внатрешниот глас и следете си ги страстите. Само така ќе дознаете за што навистина ве бидува.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.