Автор: Сара ТурановиќrnrnСигурно и вие во вашиот дом имате неколку омилени растенија кои би требало да ги исфрлите поради нивната токсичност, особено ако имате мали деца или домашни миленичиња, бидејќи не можете секогаш да го контролирате нивното движење. Може да се случи од љубопитност да пробаат од некое растение кое е отровно. Симптомите на труење од овие растенија се различни и се неизбежни. Еве листа на најчестите отровни растенија кои можеби ги имате во вашиот дом.rn
1. Рододендрон
rnОва прекрасно растение е одличен украс за вашиот двор, но бидете многу внимателни, бидејќи конзумирањето на цветовите, стеблото и листот од ова цвеќе може да доведе до опасно труење. Главни симптоми на труење се: болки во стомакот, отежнато дишење, парализа, кома па дури и смрт.rnrn
rn
2. Олеандер
rnОлеандерот цвета во бела, розова и црвена боја. Многу е убав и најчесто децата ги кинат цветовите. Но, доволен е само еден лист за детето да се отруе. Симптомите на труење ги вклучуваат: треперење, забавени отчукувања на срцето и вртоглавица.rnrn
rn
3. Кукута
rnОва цвеќе во вашиот двор може да се појави како трева. Ако имате домашни миленичиња задолжително уништете го. Отровот од ова растение мириса на морков и ги привлекува животните. Ако се изеде, директно го напаѓа нервниот систем. Исто така може, како кај животните така и кај луѓето, да предизвика епилепсија, па дури и смрт.rnrn
rn
4. Жолт нарцис
rnКај жолтиот нарцис најотровен дел е неговата луковица. Иако изгледа преубаво, размислете два пати дали ќе го посадите. Ако се сомневате дека вашиот миленик го изел, однесете го веднаш кај ветеринар. Симптомите кои се јавуваат после труењето со жолт нарцис се: дијареја, повраќање, треперење, грчеви и срцева аритмија.rnrn
rn
5. Англиски тис
rnКај ова растение најопасно е неговото семе. Меѓутоа, не се ништо помалку отровни и останатите негови делови. Алкалоидите кои се наоѓаат во тисот може да предизвикаат: грчеви, парализа, а во најлошиот случај може да дојде до срцев удар.rnrn
rn
6. Хортензија
rnОва прекрасно цвеќе содржи опасен отров, цијанид. Но, не грижете се премногу. Луѓето и животните би требало да изедат „голема“ количина од него за да им наштети.rnrn
rn
7. Филодендрон
rnБилниот сок кој го содржи филодендронот може да ѝ наштети на кожата и на усната празнина. Може да дојде до отежнато дишење, оток на грлото и стомачни болки. Па затоа би било добро оваа билка да не ја чувате во вашиот дом, доколку имате мали деца и домашни миленичиња.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.