Поставете го екранот на нормална оддалеченост и погледнете во сликата. Би требало да го видите лицето на големиот научник Алберт Ајнштајн. Сега благо замижете со очите или оддалечете се од мониторот продолжувајќи да гледате во сликата. Ја забележавте сега можеби холивудската дива Мерлин Монро?rnrn
rnrnМонро-Ајнштајн е хибридна, двојна слика, која е дело на д-р Ауд Олив од американскиот универзитет МИТ. На фотографијата би требало јасно да го видите Алберт Ајнштајн, но бидејќи се работи за оптичка илузија, кратковидните лица ќе ја видат и Мерлин Монро.rnrnАко го гледате Ајнштајн од нормална оддалеченост – имате нормален вид.rnrnАко при нормална оддалеченост ја гледате холивудската дива – вие сте кратковиди и веројатно ви требало да го коригирате видот со очила или со контактни леќи.rnrnАко пак сте кратковиди и веќе носите очила, можете да се забавувате со овој тест – тргнете ги очилата и ќе ја видите Мерлин, вратете ги назад, ќе го видите научникот.rnrn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
