Претпоставуваме дека ви е добро познато чувството на стрес. Нема човек кој не бил под стрес макар и еднаш во животот. Кај многумина стресот може да предизвика паника и збунетост. Затоа се одлучивме за овој тест кој ќе ја открие причината за вашиот стрес и ќе ви даде насоки како да се справите со него. Погледнете ја сликата и изберете кое животно би сакале да го вдомите.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Тигар” active=”false”]Голем удел во причината за вашиот стрес имаат чувството на здодевност и секојдневната рутина. Тигарот е животно кое троши многу енергија, а и вие несвесно го посакувате истото. Се чувствувате здодевно затоа што животот ви се чини празен и далеку од возбудлив. Наша препорака е да најдете хоби, да започнете да учите нешто ново или да се запишете на некаков курс. Тоа сигурно ќе ви го направи животот поинтересен.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кученце” active=”false”]Работата е главниот извор на вашиот стрес. Познато е дека кучињата се најверните пријатели на човекот, па тоа открива дека и вие по природа сте лојална и одговорна личност која е подготвена да работи сè до последни сили. Понекогаш имате тенденција да се преоптоварувате, а тоа значи дополнителен стрес. Треба да научите и да уживате во она што го работите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Хрчак” active=”false”]Секојдневната рутина како и несигурноста на вашиот карактер се главната причина за вашиот стрес. Честопати сте загрижени за некакви ситни работи и не сте сигурни во која насока би требало да чекорите. Поминувајте повеќе време со луѓето покрај кои се чувствувате опуштено. Тоа ќе ви помогне макар и за кратко да се оддалечите од секојдневните обврски.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Желка” active=”false”]Прекумерната работа и збунетоста се главните причини за вашиот стрес. Постојано се чувствувате изморено, а тоа е знак дека треба да си пружите одмор. Станувате напнати, збунети и под стрес кога морате да се соочите со еден куп задачи. Наша препорака за да се справите со стресот е да си поставувате мали цели кои сигурно една по една ќе ги исполните. Тоа ќе ви помогне полесно да ги извршувате секојдневните обврски.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Птица” active=”false”]Честопати чувствувате дека нешто ве ограничува и тоа доведува до стрес. Исто како и птицата која е симбол за слободата, така и вие би сакале да не постојат никакви граници и пречки на вашиот пат. Во моментите кога ќе наидете на нешто што ќе ви го наруши секојдневниот ритам, чувствувате стрес. Наш совет е да се обидете да најдете некое креативно хоби што ќе ве релаксира.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, ви препорачуваме да направите и друг тест каде преку изборот на животно ќе откриете што е она што сакате да го привлечете во моментов.rnrnИзвор: namastest.net
Тест: Животното кое би сакале да го вдомите ја открива вашата психичка состојба
