КАФЕ ПАУЗА

Стилот на одење говори многу за вашата личност

Малите нешта можат да кажат многу за нас. Тоа е прилично лудо, бидејќи за некои од тие нешта мислиме дека не се под наша контрола. Тие се само дел од тоа што сме, како што е положбата во која најчесто спиеме или обликот на нашите нокти.rnrn(10)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnОвие работи претставуваат прилично интимни нешта во нашиот живот. Социолозите спровеле истражување кое открива дека нашиот стил на одење, вклучувајќи ја брзината на одењето и должината на нашиот чекор имаат огромно влијание на нашиот карактер.rnrnПостојат неколку главни категории според стилот на одење. Повеќето луѓе се комбинација од две од тие категории, иако најчесто доминира една.rn

Управувач

rn(4)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnДоколку тежината е префрлена нанапред, а чекорот е брз, вие сте „управувач“. Бонус е ако можете да правите повеќе работи одеднаш додека одите – да го користите телефонот, да мислите за одредени проблеми или да правите некаков попис во вашата глава.rnrnЕкспертот за говор на телото, Пети Вуд вели дека ако постои некоја пречка на вашиот пат, вие ќе најдете нов, заобиколен пат и ќе ја поминете.rnrnАко ова ве потсетува на вас, имате многу позитивни особини. Знаете како да ги остварите плановите, продуктивни сте, логични и веројатно многу интелигентни. Луѓето ви се восхитуваат, но понекогаш можеби изгледате ладно. Често сте натпреварувачки расположени и вашата огнена личност може да го извлече најдоброто од вас. Вуд сугерира дека треба да забавите и да го почувствувате мирисот на ружите, да воспоставувате контакт со очи и да вложите напор за да се поздравите со некој што го познавате.rn

Шармер

rn(9)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко чекорите со испакнати гради кон напред, а рамената, грбот и главата ги држите високо, постои голема шанса да сте „шармер“.rnrnДруг клучен фактор е дека слично како „управувачите“, чекорите брзо, но имате еластичен и сигурен од. Додека чекорат, шармерите се смешкаат, воспоставуваат контакт со очи или гласно се поздравуваат.rnrnСпоред Вуд, голем број политичари и јавни личности имаат „шармерски“ стил на одење. Ако сте шармер, вие сте забавни, харизматични, социјално вешти, но некои луѓе може да помислат дека малку претерувате.rnrnВашата предимензионирана личност ја привлекува светлината од рефлекторите, а понекогаш го вртите целото внимание кон вас, дури и кога не треба. Вуд сугерира да го смалите ентузијазмот и да размислувате пред да делувате.rn

Помошник

rn(5)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко вашата тежина е распределена на двете нозе, а не напред или назад, тоа може да е знак дека сте „помошник“.rnrnВашата брзина на одење е со средно темпо, а вашите движења се меки и суптилни. Слично како „шармерите“, имате тенденција да гестикулирате додека одите, иако повеќе сакате контакт со очи отколку довикување.rnrnДоколку сте „помошник“, повеќе се занимавате со луѓето отколку со задачите, уживате во вашиот живот и кариерата не ви е важна.rnrnКога сте дел од група се чувствувате задоволно, сакате да се дружите со семејството и да учествувате во групни спортски активности. Имате многу квалитети, но „управувачите“ и „шармерите“ може да ве сметаат за послаби и поради тоа да се обидат да ве искористат.rn

Плашливец

rn(0)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко одите тивко на ножните прсти и вашите очи се залепени за подот, тоа може да значи сте „плашливец“.rnrnВашиот ритам е бавен и претпазлив, како да се плашите дека ќе направите погрешен чекор. Вашите раце се во непосредна близина на телото, како да се плашите дека ќе навлезат во туѓ простор.rnrnНе користите телефон додека одите, ниту пак имате интеракција со пријателите додека чекорите заедно со нив.rnrnВие веројатно сте интровертни, но љубезни. Кон другите се однесувате како што сакате и тие да се однесуваат кон вас. Сепак, со оглед на вашата интровертна природа, не зборувате за она што го сакате или ви е потребно. Едноставно очекувате луѓето да знаат. Тоа може да доведе до компликации во односот со другите луѓе, кои можат да бидат збунети од вашата раздразливост.rn

Следните категории не спаѓаат во четирите основни пешачки карактеристики, но особините и навиките откриваат многу важни информации за вас.

rn

Пешак со краток чекор

rn(1)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко сте жена со краток чекор и чувствувате болка во колената, можеби е време да се ослободите од високите потпетици. Кратките чекори укажуваат и на проблеми со колковите.rn

Пешак со прекрстени раце

rn(6)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnТоа би можело да значи дека се чувствувате ранливо. Жените вообичаено ги прекрстуваат рацете кога навечер чекорат сами или поминуваат низ опасен дел од градот.rnrnНо, напаѓачите имаат тенденција да ги напаѓаат тие коишто изгледаат слабо и немоќно, па обидете се да ги спуштите рацете и да одите исправено и брзо.rn

Пешак кој мавта со рацете

rn(8)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnНашите раце се поврзани со грбните мускули. Кога одиме, замавнуваме со рацете во спротивна насока од ногата која оди напред, а тој замав го поддржува latissimus dorsi, мускулот на долниот дел од грбот.rnrnАко едното рамо се движи слободно, а другото е круто, можеби треба да очекувате болки во грбот и вратот.rn

Пешак со некоординиран од

rn(3)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnКога нашите нозе го допираат дното, испраќаат сигнали до мозокот за положбата на екстремитетите. Тој феномен се вика проприоцепција. Намалената проприоцепција се случува поради губиток на осет, што резултира со некоординиран од и личноста не е свесна за положбата на своите долни екстремитети.rnrnОвие луѓе ги подигнуваат стапалата и нозете многу високо, а потоа со нив треснуваат на тлото, како би знаеле каде ги спуштиле нозете.rnrnГубитокот на осет во стапалата е предизвикан од дијабетес и недостаток на витамин Б12.rn

Пешак мултитаскер

rn(2)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnВерувале или не, ако одите и истовремено зборувате и џвакате мастика или паралелно правите и други работи, тоа може да создаде позитивна енергија. На пример ако одите низ дома, зборувате на телефон, готвите, украсувате или организирате нешто друго, тоа вас може да ве направи покреативни.rnrnАко тоа често го правите, најверојатно сте креативни и полни со идеи.