КАФЕ ПАУЗА

10 карактеристики на добрите соговорници

10 карактеристики на добрите соговорници

Written by

in

,

Без разлика дали станува збор за вашата кариера или склопување пријателства, умешноста да се води добар и издржан разговор е многу важна на секое поле во животот. Ова се дел од карактеристиките на добрите соговорници кои ќе ви помогнат да остварувате поефективна комуникација во иднина, а со тоа да бидете поуспешни.rnrn10 карактеристики на добрите соговорнициrn

1. Умеат вистински да слушаат

rn

„Имаме две уши и една уста и треба да ги користиме пропорционално.“ – Сузан Каин

rnОние кои се добри соговорници не учествуваат во комуникација во која само едниот зборува а другиот слуша, која е поентата на таквиот разговор? Способноста да се ислуша внимателно соговорникот е умешност што не секој ја поседува. Со внимателното апсорбирање на туѓите зборови имате поголема способност соодветно да вратите на она што другиот ви го кажал, а со тоа да бидете подобри соговорници.rnrnНе почнувајте да зборувате додека вашиот соговорник сè уште се изјаснува бидејќи ќе изгубите фокус на кажаното и ќе создадете впечаток на себична личност која само сака да го искаже сопственото мислење. Луѓето кои се умешни во комуникацијата со други луѓе точно знаат кога е време да зборуваат а кога да слушаат.rn

2. Ја препознаваат ситуацијата во која се наоѓаат

rnЛуѓето се различни и не можете секому да му се обраќате исто. Исто како што не можете да остварувате еден тип комуникација во секоја ситуација. Постојат личности на различни функции, како и ситуации кои од вас бараат да бидете поформални или неформални. Прво и основно, мора да ја препознаете и да ја оцените ситуацијата во која се наоѓате. Без многу притисок, само проценете го нивото на формалност кое би требало да го постигнете. Дали треба да го персирате вашиот соговорник или не? Каков тип шеги се дозволени? Дали треба да бидете посмирени или да покажете возбуда? Никогаш не занемарувајте ја проценката на ситуацијата во која се наоѓате, макар тоа и да биде краток разговор со продавачот во маалската продавница.rn

3. Сочувствуваат со соговорникот

rnГо разбираат или барем се обидуваат да го разберат соговорникот. Ако сакате да бидете умешни во остварувањето комуникација со луѓето мора да научите да ги почитувате оние кои се различни од вас. Луѓето можат многу лесно да го насетат вашиот презир или вашата надменост. Без разлика со кого разговарате, нека биде и мало дете, покажете почит и сочувство. Покажете дека разбирате како се чувствува и дека го сфаќате она што сака да ви го каже. Не движете го разговорот во насока само да го кажете вашето мислење туку вистински да пробате да бидете во нечија кожа макар на една минута.rn

4. Го поедноставуваат комплицираното

rnЗамислете како наставникот по физика на седмоодделенци им ја објаснува лекцијата со речник соодветен за некој семинар. Како би се чувствувале доколку сте еден од учениците? Луѓето кои употребуваат комплициран јазик се многу очигледни во нивната намера – пробуваат да звучат паметно. Но, вистински паметните ќе ги поедностават работите правејќи ги пригодни за сечии уши. Не значи дека го потценувате соговорникот, едноставно се држите подалеку од комплицираното, а со тоа и од можноста да бидете погрешно разбрани.rn

5. Присутни се за време на разговорот

rnЛесно се забележува кога вашиот соговорник лута со мислите и само физички е присутен, и тоа е навредливо. Доколку сте одлучиле некому да му посветите дел од вашето време тогаш целосно бидете присутни. Покажете дека сте отворени за разговор и инволвирајте се во разговорот. Не лутајте со мислите, не шарајте со очите и внимавајте на сите невербални знаци кои покажуваат дека ви е здодевно или дека не слушате внимателно.rnrn10 карактеристики на добрите соговорнициrn

6. Имаат самодоверба

rnДобриот комуникатор знае што зборува и го кажува она што го мисли гласно и јасно. Тенка е линијата меѓу самодовербата и самобендисаноста, но самодовербата е клучна за остварување добра комуникација. Доколку сакате да бидете чуени, разбрани и сфатени сериозно од страна на вашите соговорници, мора да зрачите со самодоверба. Стојте исправени, чувствувајте се удобно во сопствената кожа и бидете сигурни во она што го зборувате.rn

7. Јасно ја излагаат својата поента

rnВо ред е да почнете со кежуал разговор за да го разбиете мразот, но не пропуштајте да стигнете до сржта. Бидете директни, дури и ако ви е непријатно. Доколку вртите околу цело време, нема да го постигнете саканиот резултат, а постои голема шанса да бидете погрешно разбрани. Отворено кажете што мислите, што барате, какви предлози имате.rn

8. Ги елиминираат нештата кои им ја одземаат концентрацијата

rnДобриот соговорник не погледнува во часовникот постојано, ниту го чепка телефонот а уште помалку се фокусира на луѓето од соседната маса. Во некои пригоди дури е најдобро да го исклучите телефонот.rn

9. Поставуваат прашања

rnПрашања се поставуваат од две причини: да покажете дека го слушате соговорникот и воедно сте заинтересирани за темата на разговор и за да добиете повеќе информации. Прашајте доколку имате некакви нејаснотии околу темата или пак доколку сакате да развиете дискусија.rn

10. Препознаваат невербални знаци

rnОбрнете внимание на невербалните знаци на вашите соговорници. Со помош на јазикот на телото може да препознаете нервоза, несигурност, недоверба, здодевност и сл., а со тоа да го прилагодите разговорот на вашата „публика“ за сите да се чувствуваат подобро.