Спиете исклучиво на вашиот стомак? Еве што кажува тоа за вас!

Сподели

Постојат бројни истражувања кои покажуваат дека секое движење кое го правите е рефлексија на вашиот карактер. Изгледа дека ова важи и за положбата во која спиете. Една од најчестите положби на спиење е на стомак, но што всушност значи ова? Најпопуларна положба на спиење е на страна, а спиењето на стомак го зазема второто место. Како и сè, и оваа положба си има свои предности и недостатоци во зависност од вашата физичка состојба и вашиот карактер. Па, доколку спиете на стомак, погледнете што тоа кажува за вас.rn

Реклама

1. Преземате ризици

rnОние кои спијат на стомак многу често се опишувани како луѓе кои се отворени и забавни. Овие луѓе се со слободен дух и секогаш сакаат да пробуваат нови и возбудливи работи. Тие ги следат нивните желби без разлика на последиците.rn

2. Можете да бидете премногу наметливи

rnНе можете да му судите на некој бидејќи знае што сака и не дозволува ништо да го спречи во остварувањето на својата желба. Но, постојат храбри луѓе, како и неучтиви, а луѓето кои спијат на стомак многу често знаат да бидат токму такви. Овие луѓе можат да бидат многу храбри, но додека движењето кон целта не е лоша карактеристика, нема потреба да бидете неучтиви додека го правите тоа.rn

3. Лошо се справувате со критиките

rnЛуѓето кои спијат на стомак изгледаат како да се полни со самодоверба. Сепак, тие тешко се справуваат со критиките кои ги добиваат од другите. Кога се набљудува говорот на телото на овие луѓе, може да се дојде до заклучок дека тие не се толку сигурни во себе колку што изгледаат. Со самата положба на спиење, тие го заштитуваат најранливиот дел од нивното тело и му го „вртат грбот“ на целиот свет.rn

4. Се чувствувате ранливо во врските

rnКога го делите креветот со вашиот партнер, нормално е да се допрете во текот на спиењето. Без разлика дали сте прегрнати или ви се допираат само нозете, ова е знак дека вашата врска е стабилна. Но, спиењето на стомак е сосем друга работа. Луѓето кои спијат на стомак додека го делат креветот со некого покажуваат знаци на анксиозност, емоционален страв, ранливост и недостаток на контрола во врската.rn

5. Склони сте кон проблеми со грбот и вратот

rnМожеби сметате дека оваа позиција е одлична за вашиот грб и врат, но таа лесно може да ви предизвика проблеми. Тежината на вашиот абдомен, кој е најтешкиот дел од телото, може да создаде притисок на вашиот ‘рбет. ‘Рбетот не е во својата природна положба, а ова може да предизвика неколку здравствени проблеми како болки во вратот и грбот.rn

6. Веројатно имате многу здрав дигестивен систем

rnСпоред професорот Крис Изиковски, спиењето на стомак може да ја поттикне здравата дигестија. Покрај тоа, лежењето на стомак ја олеснува дигестијата, вашето тело полесно се ослободува од гасовите и го избегнува воспалението.

Погледнете и што кажува вашата положба на спиење за вашите љубовни навики.

Најново

Може ќе ве интересира