Погледнете ја прекрасната реакција на ова мало момче кое е конечно посвоено

Сподели

Мајкл Браун, 3-годишно момче, оваа недела конечно било формално посвоено, па толку се возбудило, што не можело да се воздржи за да им ги каже новостите на сите во судницата. Потоа, тој се фотографирал со сестрите од семејството што го посвојува.

Реклама

Една од неговите сестри, 17-годишната Дезиана Браун од Феникс, Аризона, ги споделила фотографиите на социјалните мрежи и за само неколку денови се прошириле ширум светот и станале познати. Семејството изјавило дека Мајкл влегол во нивното семејство во февруари 2015 година и било срамежливо момче кое плачело многу. Тие биле третото привремено семејство што го вдомиле, но откако неговиот случај официјално завршил и од привремено чување му било потребно посвојување, ова семејство што се заљубило во него го направило вистинскиот избор.

rn

„Сега, кога спие со мене, утрото тој се тркала, ми се приближува до лицето и ми вели: ‘Јас сум многу среќен’“, вели неговата сестра.

„Тој ден беше многу возбуден“, вели Браун. „Мислам дека не знае што навистина значи посвојувањето. Тој само знаеше дека е посвоен.“

Реклама

rnОва случување предизвикало многу емотивни реакции од луѓето ширум светот, иако Браун не ни очекувала толку бргу да се пошири оваа вест, а и да добие премногу позитивни коментари.

Најново

Може ќе ве интересира