Летото е пред нас, горештините полека доаѓаат, а плажите започнаа да нè повикуваат. Се надеваме дека веќе се подготвувате за на одмор: Костим за капење, крема за сончање, сламен шешир…. Ох да, кога сме веќе кај сламениот шешир, имаме прашање за вас: Дали ви досади обичниот сламен шешир и барате нешто интересно, оригинално и во тренд за да го освежите? Тогаш, зошто не би ги погледнале овие 3 лесни „направи сам“ проекти со кои ова лето ќе се издвојувате од останатите.rnrn
rn
1. Лична порака!
rnДоколку сакате кратки пораки, интересни зборови или фрази, тогаш овој проект е идеален за вас. На шеширот можете да напишете интересни зборчиња, а ние ви предлагаме неколку како што се: „Рај“, „Едноставно продолжи со пливање“, „Алоха“, „Правете бранови“…rnrn
rnrnЗа овој проект ќе ви бидат потребни следниве материјали:rn
- rn011
- Обичен сламен шешир
- Лената со пулејки, светкава лента, или пак во некоја весела боја
- Пиштол со силикон
- Ножички
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnНачин на изработка:rnСо помош на лентата испишете го зборот по должина на работ од шеширот. За да не погрешите, најпрво напишете го зборот, а потоа со силиконот прицврстете ја лентата.rnrn
rnrnТоа е тоа, вашиот шешир со лична порака е готов!rnrn
rn
2. Цветен сламен шешир
rnОва е најслаткиот шешир што некогаш сте го виделе. Многу интересен дезен, а одзема помалку од 10 минути за изработка. Одличен е за во лето, но и за во пролет.rnrn
rnrnАко се одлучивте за него, тогаш материјалите што ќе ви бидат потребни се:rn
- rn011
- Обичен сламен шешир
- Бела и жолта боја за материјал
- Четки за боја
- Ножици
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnА еве како да го изработите:rnrnНајпрво, отстранете ги сите врвки, украси или слични работи од шеширот за да добиете една мазна површина. Обојте ја горната површина од шеширот во жолта боја. Потоа, обојте бели ливчиња низ целиот раб на шеширот.rnrn
rnrnНели е навистина прекрасен?rnrn
rn
3. Шешир со дебели пруги
rnПругите доминираат ова лето, а зошто вие да не би ги понеле на вашиот шешир? Интересно, едноставно и женствено… Пругите се еден класичен дезен кој никогаш нема да излезе од мода. Сепак, за овој проект е потребна мала прецизност.rnrn
rnrnПа, доколку ја имате таа вештина, ова се потребните материјали:rn
- rn011
- Обичен сламен шешир
- Боја за материјал
- Четки за боја
- Ножици
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnЕве како тече подготовката:rnrnИзвадете ја секоја врвка, украс и слично од шеширот за да добиете мазна површина. Нацртајте пруги околу шеширот со тоа што ќе започнете одоздола и полека движејќи се кон нагоре. За да нема некоја грешка, нацртајте ги пругите однапред, а дури потоа обојте. Исто така, празните делови можете да ги залепите со селотејп, за линиите да бидат совршено прецизни.rnrn
rnrnСовет плус: Бидејќи летото е најразиграното и највеселото годишно време, наместо една боја комбинирајте повеќе и направете „ефект на лижавче“!rnrn
rnrnЗарем не се прекрасни? Сламениот шешир и тоа како може да биде еден кул тренди и шик аксесоар за на плажа.rnrn
rnrnДозволете ѝ на вашата фантазија да си игра со вашата рака и создавајте интересни дезени со кои ќе ја искажете вашата оригиналност, досетливост и креативност. Се надеваме дека во овие проекти го пронајдовте вашиот омилен дезен за ова лето.rnrn