Ако ви е премногу топло, тогаш дефинитивно им е топло и на вашите миленици. Постојат многу совети и трикови како да не им биде топло на домашните миленичиња за време на летните денови, но еден од најслатките е да им направите замрзнат десерт. Шеќерите и другите состојки во сладоледите направени за луѓето можат да им наштетат на вашите миленици и да предизвикаат повраќање и дијареја или некои посериозни последици. Наместо тоа, на вашето домашно милениче треба да му направите сладолед со состојки што им одговараат и да уживаат во него.rnrn
rn
Сладолед за мачки
rnПотребни состојки: течност од конзервирана туна, 400 мл вода, мала чаша и меко стапче.rnrnСтавете ја водата во бокал, а потоа истурете ја во течноста од туната. Брзо промешајте. Истурете ја смесата во мали чаши (или што било што ќе користите како калап) и ставете ги во замрзнувач додека не замрзнат делумно.rnrnТоа треба да трае околу еден час, а откако смесата ќе почне да замрзнува, извадете ги чашите и додајте ги стапчињата. Потоа вратете ги во замрзнувачот додека не замрзнат целосно.rnrnНајдобро е да ѝ го дадете сладоледот на вашата мачка на отворено (под сенка) или во сад.rn
Сладолед за кучиња
rnПотребни состојки: 1 јаболко, 1 морков, стапчиња месо, капал.rnrnИсечете го јаболкото и отстранете ги семките. Исечкајте го на мали парчиња. Потоа изрендајте ги морковите. Ставете вода во бокал и додајте ги јаболкото и морковот. Измешајте со миксер додека не се изедначи смесата.rnrnИстурете ја смесата во калап и ставете го во замрзнувач додека не се замрзне делумно. Тоа ќе трае околу 1-2 часа. Откако ќе бидат делумно замрзнати, извадете ги и додајте ги стапчињата месо за да создадете држач за сладолед. Вратете ги во замрзнувачот додека не замрзнат целосно.rnrnНајдобро е кучето да го јаде сладолед надвор (под сенка) или во сад.rnrnМожете да додадете многу други состојки како ленено семе, боровинки, путер од кикирики и месо, но прво проверете дали состојките што ги избирате се безбедни за кучињата.rnrnПрочитајте како да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки.