КАФЕ ПАУЗА

Како да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки?

Како да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки?

Верувале или не, некои животински видови можат да бидат левораки или деснораки, па дури и двете. А, сега можете и да ги тестирате вашето куче или вашата мачка.rnrnКако да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки?rnrnСпоред едно истражување од 1991 година на Универзитетот „Ататурк“ во Турција, 50% од мачките се деснораки, 40% се левораки, а 10% ги користат двете шепи подеднакво.rnrnИсто така, слично истражување бело спроведено на Универзитетот во Манчестер, кое покажало дека половина од кучињата во Англија се деснораки, а половина левораки.rnrnСо помош на овие неколку едноставни тестови ќе утврдите која шепа најчесто ја користи вашето домашно милениче:rnrn1. Ако сте го научиле кучето да ви подаде шепа, обрнете внимание која шепа обично ви ја подава.rnrn2. Ставете малку храна во плишана играчка, а потоа ставете ја во центарот на видното поле на кучето. Обрнете внимание со која шепа најпрво ќе посегне по играчката, но и со која шепа ќе ја држи додека игра или џвака.rnrn3. Нанесете нешто лепливо (како јогурт) на носот на кучето или на мачката. Обрнете внимание со која шепа ќе се избрише.rnrn4. Ставете ја омилената храна на домашното милениче под креветот, малку подалеку. Со која шепа се обидува да ја дофати храната?rnrn5. Врзете играчка со јаже, а потоа држете ја над главата на мачката. Со која шепа се обидува да ја фати?rnrn6. Кога кучето сака надвор, со која шепа гребе на вратата?rnrnСе препорачува да ги повторите овие тестови околу 100 пати во текот на неколку дена за да го добиете точниот одговор.rnrnПрочитајте што открива положбата на спиење на вашето милениче за неговата ментална состојба.