КАФЕ ПАУЗА

Храна која ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тен

Покрај дневната доза сончање, додајте ги и следниве неколку намирници во исхраната со цел да го добиете совршениот тен за брзо време. Состојките на овие продукти ќе ви помогне вашата кожа да изгледа прекрасно, но и здраво да потемни.rnrnХрана која ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тенrn

Витамин А

rnМорковите се првите на оваа листа, кои содржат и до 1.200 милиграми витамин А. Тој го зголемува производството на меланин и помага при потемнување на кожата.rn

Бета каротин

rnЦикоријата е веднаш зад морковите, а зад неа се дињата, целерот, патлиџанот, лубеницата, кајсиите, јагодите и вишните. Сите овие намирници се богати со бета каротин, кој има ист ефект како антиоксидансите и ѝ помага на вашата кожа побрзо да произведува меланин.rn

Селен и витамин Е

rnСеленот и витаминот Е ја штитат вашата кожа од брчки. Тие се најзастапени во јајцата, пченката, патлиџаните, авокадото и белото сирење.rn

Омега 3

rnРибите, бадемите и лешниците содржат огромни количини омега 3 масни киселини кои се клучни при превенција на стареење на кожата.rn

Витамин ПП

rnЦрвеното месо, школките, сината риба и црниот дроб помагаат при лечење на изгорениците од сонце бидејќи содржат витамин ПП, додека пак житарките ѝ помагаат на вашата кожа да се заштити од голем број надворешни влијанија.rn

Избегнувајте цитруси

rnСите оние овошја кои содржат витамин Ц треба да се избегнуваат бидејќи тие ја прават кожата поподложна на изгореници. Избегнувајте ја и храната која содржи многу сол бидејќи таа создава задржување на водата во организмот.rn

Предлог мени за летните денови:

rn

    rn011

  • Комбинација од овошје и јогурт за појадок
  • rn011

  • Ориз со шафран и тиква (80 грама) во комбинација со печена пиперка зачинета со маслиново масло за ручек
  • rn011

  • Кој било вид сина риба (200 грама) со авокадо и патлиџан за вечера во комбинација со кајсии како десерт.
  • rn