Која е тајната на оние кои успеваат да ја надминат 100-тата година? Токму тоа прашање го поставиле група научниците од Скандинавскиот Универзитет. За да го најдат одговорот, тие поминале 50 години следејќи над 850 мажи кои биле родени во 1913 година, а потоа ги испитувале и 7-те мажи кои живееле над 100 години.rnrn
rnrnНаучниците ги објавиле резултатите кои на некој начин се и еден вид основа за како да живеете долг и здрав живот. Погледнете кои биле заедничките нешта кај оние мажи кои успеале да ја надминат 100-тата година…rn
1. Тие биле непушачи
rnОва откритие е и повеќе од очигледно. Докторите знаат со години дека пушењето предизвикува рак на белите дробови. Но, покрај тоа, цигарите се поврзани и со срцеви болести, хипертензија, мозочни удари и различни видови орални болести. Па, доколку сакате да живеете подолго, откажувањето од цигарите е одличен прв чекор.rn
2. Имале добар социјално-економски статус
rnСтудијата открила и дека оние кои живееле над 100 години имале добра финансиска состојба, живееле на места каде што имало повисока кирија, а токму тоа водело и кон барање подобра здравствена грижа.rn
3. Имале стара мајка
rnОва е нешто што не можете да го контролирате, но студијата открила дека доколку имате постара мајка, тоа е одличен показател и за долготрајноста на вашиот живот. Поврзаноста со годините на таткото не била толку значајна колку онаа со годините на мајката.rn
4. Одржувале висока когнитивна функција
rnОдржувањето на мозокот може да им се спротивстави на ефектите на деменцијата, резултирајќи со подобар квантитет, но и квалитет на животот. Читајте книги, решавајте загатки и одржувајте го мозокот активен за време на целиот живот. Тоа многу ќе ви се исплати во златните години.rn
5. Одржувале здрава телесна тежина и имале добро држење на телото
rnОд сите учесници во студијата, само оние кои живееле над 100 години имале просечна телесна тежина и добро држење. Прекумерната тежина е поврзана со дијабетес, срцеви болести, артритис и рак, а сите овие нешта го скратуваат животот. Вие не мора да вежбате и да се исхранувате здраво само за вашата телесна слика, туку можете да гледате на тоа како инвестиција во години кога ќе бидете постари.rn
6. Користеле помош при одење кога имале потреба
rnКако што личноста старее, така и паѓањето станува поголем ризик. Всушност, токму тоа и предизвикува дополнителни повреди кои се меѓу најголемите причинители за смрт помеѓу постарите. Било која физичка повреда, без разлика колку е мала, на постари години се доживува посилно и на телото му е потребно повеќе време да заздрави. Но, оние постари кои не биле горделиви да побараат помош, знаат дека е важно да се одржуваат здрави, а со тоа и да се приближат поблизу до 100-тата година.rn
7. Носеле очила
rnЛичноста која носи очила редовно оди на доктор, а со тоа има и повеќе шанси да ги открие очните болести во ран стадиум. Исто така, подобриот вид го намалува бројот на несреќи, особено на сообраќајки.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn