Оваа куќа е трансформација на една штала лоцирана во пространа околина. Идејата за реновирањето била да се направи куќа која природно ќе се вклопи во тој крај. Куќата е традиционална земјоделска градба во која е доволно удобно за да се живее во модерен животен стил. На постојната градба и се додадени 2 дополнителни крила и базен.
Главниот објект претставува еден широк простор со таван од дабови даски, висок 9 метри. Употребата на дрво и големиот модерен камин му даваат топлина на местото. Сите објекти вклучуваат палета од едноставни материјали: камени подови, дабови подови, греди, врати и тавани, како и бело малтерисани ѕидови. Енергијата која е потребна за работа на подземниот систем за греење доаѓа од пумпи за загревање кои се закопани во околното земјиште.


rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
