Сирос – идиличен грчки остров за кој се шушка меѓу травел блогерите

Сподели

Иако не е толку познат како Миконос или Санторини, Сирос во последно време ги освојува симпатиите на травел блогергите и инстаграмџиите кои објавуваат фотографии од нивните патувања.

Реклама

Секој што го посетил ова место, се согласува дека овој остров е толку магичен што е невозможно да се посети само еднаш. Со својот топол шарм, тој ве поттикнува да се вратите повторно за да уживате во совршенството со коешто зрачи ова место.

Сирос има интересна и разновидна историја, а споменат е дури и во Хомеровата „Одисеја“.

Реклама

Планинскиот северен дел на Сирос се вика Апано Мерија, додека рамнините на јужниот дел ги сместуваат повеќето населени места, села и плажи на островот.

Апано Мерија е идеален за истражување: неговите патеки водат до беспрекорни, тешко достапни плажи на островот преку прекрасен карпест пејзаж полн со пештери и мали мостови. Спротивно на тоа, јужниот дел на островот е идеален за возење: неговите поплочени патишта ги поврзуваат селата едни со други, како и Хермополис.

Неговите одморалишта се карактеризираат со добро развиена туристичка инфраструктура со модерни хотели и убави плажи кои нудат секакви погодности за уживање.

Реклама

Ниту една посета на овој грчки остров нема да биде целосна без да поминете време на плажа. Сирос има неколку неверојатни плажи, и бидејќи сè уште не е толку туристички популарен како другите места во Грција, тие не се преполни!

Без разлика дали сакате да учествувате во спортови на вода, како што се сурфање и нуркање, да се сончате, да пливате во прекрасните води или само да поминете некое попладне уживајќи во добро кафе, веднаш покрај морето, тука има по нешто за сите.

Сирос има и некои пространи семејни плажи. Врвните плажи ги вклучуваат Галисас, Агатопес и Делфини. Од една страна, Сирос е типичен грчки остров, со оглед на тоа што има многу прекрасни плажи, превкусна грчка храна и ноќен живот. Од друга страна, тука има многу други работи што ќе ви отворат комплетно нови, неочекувани видици.

Плажите во Сирос се чисти, тивки и слободни за употреба. Мештаните се горди на својот остров, и работат да го задржат непроменет, ослободен од трговскиот развој. Сите патишта, улици и плажи се секогаш тивки и мирни, храната е богата и превкусна со многу свеж зеленчук и ароматично сирење.

Мачките ги украсуваат улиците, а мирисот на цвеќе и маслиново масло веднаш ќе ве опушти и ќе ве натера да се чувствувате релаксирано.

Затоа, овој остров е одличен избор ако сакате одмор кој гарантира хармонија и убава природа, без бучава, загадување и комерцијално претерување.

Прочитајте и за грчкиот остров на којшто жените се главни.rn

Автор: Ана Ќурчиевска

Најново

Може ќе ве интересира