Грчкиот остров на којшто жените се главни

Сподели

За повеќето луѓе овој остров е вистинска мистерија, а во последно време туристите покажуваат сè поголема заинтересираност за местото поради прекрасните плажи, но и поради нешто за коешто островот се гордее со децении.

Реклама

Имено, на грчкиот остров Карпатос со 7.000 жители, постои долгогодишна традиција којашто се негува и денес. На прв поглед, островот наликува како повеќето грчки острови. Иако Карпатос е на само еден час летање од Атина, времето како да застанало на ова место. Повеќето луѓе живеат во главниот град Пигадија, но најинтересно е селото Олимпос на северниот дел од островот, место каде што владеат жените.

За разлика од останатиот дел од островот кој е проголтан од туристите, Олимпос негува поинаков пристап.

Во близина на селото е земјоделската област Авлон, место каде што нема Интернет, ниту пак предавници или пекари. Освен пекарата зад која стои вредната Ана Лентаки. Ана е главниот доставувач на леб за разните градски церемонии. Нејзиниот леб, а и макарони, се со посебен вкус и се направени по рецепт кој се пренесувал со генерации. Нејзините ќерки и внуки само ја продолжиле традиција на Ана.

Матријархатот е заедница позната како место каде што владеат жените. Но прашање е на кој начин се почитува оваа традиција денес.

Локалните жени се господарки на кујната, и тоа не само во нивните домови, туку и во рестораните. Тие носат традиционална облека за религиозни церемонии, додека мажите носат обична облека. Жените се наоѓаат на важни позиции и тие ја одредуваат политиката на островот.

rn

„Во многу друштва женската сила е тајна, но на Олимпос оваа тајна повеќе ја нема. Жените имаат посебна сила или моќ да управуваат со домаќинството и да преживеат на овој остров“, изјавиле локалните жителки.

rnЖените се одговорни за продолжување на традицијата, споделување и пренесување на рецептите и така било отсекогаш, исто како и сега. Но денес тие ги презеле и улогите на оние кои се задолжени за зачувување на заедницата и нејзиното преживување.

Во ова бајковито село над морето со бело сини куќи се ценат традиционалните обичаи уште многу одамна. Имотот го наследува најстарата ќерка, а истовремено ќе го наследи и името на нејзината баба.

На северниот дел од островот, туризмот не е закана која уништува. Малите програми се развиваат во склоп на идејата локалната заедница да преживее и да ги цени туристите.

rn

„Целта не е да имате милиони туристи, туку мали групи кои ќе ги трошат нивните пари на локални настани, како кулинарски курсеви и некои туристички тури. Иднината е во овој нов систем на туризам“, изјавила една од жителките.

rnДоколку ви се допаднал филмот „Мама миа!“, ова се дестинациите во Грција што мора да ги посетите.

Најново

Може ќе ве интересира